Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдоброто огледало е стариот пријател

„Без другари е тажно – другарството е важно“, пееше една наша омилена песничка од детството и уште тогаш научивме дека животот навистина е повесел и полесен со пријатели.

19-iskreni-citati-za-prijatelstvoto-koi-ke-vi-go-stoplat-srceto-001.jpg

Што е еден човек без пријатели, освен вистински несреќник?

Пријателите се богатство кое треба да се чува, бидејќи тие несомнено нè  прават подобри луѓе.

Овие цитати ќе ви го стоплат срцето и ќе ве натераат да си го гушнете најдобриот другар:

1. Пријателството се раѓа во моментот кога едниот му вика на другиот „Што! И ти? Мислев никој, освен мене...“.

2. Не чекори пред мене, можеби нема да те следам. Не чекори зад мене, можеби нема да сум добар водач. Само чекори покрај мене, и биди ми пријател.

3. Пријател е некој кој знае сè за тебе, и сè уште те сака.

4. Добри пријатели, добри книги и мирна совест – тоа е идеалниот живот.

5. Не е недостатокот на љубов, туку недостатокот на пријателство е тоа што ги прави браковите несреќни.

6. Нема ништо подобро од пријател, освен пријател кој носи чоколадо.

7. Попрво би чекорела со пријател во темница, отколку сама кон светлината.

8. Што е пријател? Една душа која живее во две тела.

9. Пријателството е најтешкото нешто за објаснување. Не се учи на училиште. Но, ако не си го сфатил значењето на пријателството, не си научил ништо.

10. Нема поцврста основа за прекрасно пријателство од заедничкиот вкус кон книжевноста.

11. Зборовите се лесни, како ветрот, верните пријатели тешко се наоѓаат.

12. Најлошото нешто кога си успешен е да пронајдеш некој кој ќе се радува за тебе.

13. Пријателите се начин преку кој Господ ни се извинува за фамилиите.

14. Ниту еден човек не е неуспешен, доколку има пријатели.

15. Најдоброто огледало е стариот пријател.

16. Кога жената ќе си стане сама на себе најдобар пријател, животот е многу полесен.

17. Човек кој е пријател на сите, не е ничиј пријател.

18. Вистинските пријатели се како дијаманти – сјајни, прекрасни, скапоцени и никогаш не излегуваат од мода.

19. Ќе бидеме пријатели додека не остариме и не станеме сенилни... А, тогаш ќе станеме нови пријатели.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најемотивните стихови од песните на ДНК: „Небо мое, кажи што да направам, небо мое каде да се помола... Од првата „Девојка за везден“, па сè до најновата „Фала“, Андреј и Панчо од ДНК ...
Љубовни цитати и пораки што можете да ѝ ги пратите на саканата личност за Валентајн „Ако знам што е љубов, тоа е благодарение на тебе“ – Херман Хесе. „Ако знам ш...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
Низок е поради ретко нарушување, ја изневерил сопругата: Факти за Дени Девито Пред да се прослави, работел како фризер во салонот на сестра му. Во брак е од 1...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
12 изреки во кои ќе се пронајдат сите родители кои биле на одмор со деца „Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg