9 најпознати француски мудрости кои ќе ве импресионираат

Ако секоја земја треба да ги наведе своите најпрепознатливи карактеристики, тогаш Франција, покрај виното, сирењето, модата и парфемите дефинитивно ќе ги впише овие 9 познати изреки.

9-najpoznati-francuski-izreki-koi-kje-ve-impresioniraat-001.jpg

Тие се литературно национално богатство, слично како оние кои ги имаме ние во нашата домашна ризница на познати изреки.

Богати со универзална мудрост и француски шарм, прочитајте ги и проникнете во нив:

1. „Qui vivra verra“

Во буквален превод означува „Оној кој ќе живее, ќе види“ или многу слично на „Времето ќе покаже“. Зарем има поголема вистина од оваа?


2.
 
„L’habit ne fait pas le moine“

„Наметката не го прави монахот“ или само затоа што некој ја носи светата облека или својата униформа во поширока смисла, надворешноста магично не го трансформира човекот во оној кој се претставува дека е.

Најблискиот еквивалент на познатата француска изрека е „Никогаш не ја цени книгата според корицата“. Филозофот Плутарх создал своја варијација на познатата изрека која гласи: „Брадата не значи дека си филозоф“ или „La barbe ne fait pas le philosophe“ на француски.


3.Chacun voit midi à sa porte

Прекрасна француска поговорка која во превод означува „Секој го гледа пладнето на својот праг“. Во поширока метафоричка смисла означува дека секој човек е преокупиран првенствено со своите лични интереси и секој смета дека неговите сопствени субјективни мислења се објективно вистинити.


4.
 
Mieux vaut prévenir que guérir

За оваа широко употребувана француска мудрост имаме македонски еквивалент кој гласи „Подобро да се спречи, отколку да се лечи“, која воедно е и првиот принцип на кој се заснова кинеската практика на лекување.

Французите се особено приврзани за оваа изрека и ја употребуваат секојдневно, бидејќи здравјето е нивен прв приоритет.


5.
 
„Petit a petit, l’oiseau fait son nid“

„Малку по малку, птицата го гради своето гнездо“. Оваа француска мудрост се повикува на трпеливост, упорност и истрајност.

Повторете си ја секогаш кога пред себе имате поставено цел, а губите надеж или трпение за нејзиното остварување. Како надополнување на оваа изрека, Французите обожаваат да кажат: „Paris ne s’est pas fait en un jour!“ или „Париз не е изграден за еден ден!“


6. „Qui court deux lievres a la fois, n’en prend aucun

Преведено како „Оној кој брка две зајачиња истовремено, нема да фати ниедно“ е универзалната вистина која тврди дека оној кој е алчен на крајот ќе остане со празни раце. Најдобриот резултат доаѓа кога целосно сте сконцентрирани на работата.


7. „Qui n’avance pas, recule“

Најсоодветниот превод на оваа француска мудрост би бил „Оној кој не се движи напред, паѓа во вода“. Едноставно, не можете да мирувате во животот и да очекувате успех. Или еволуирате или гниете.


8.
 
„Quand on a pas ce que l’on aime, il faut aimer ce que l’on a

„Сакај го тоа што го имаш и ќе го имаш она кое го сакаш“ е мудроста која ни укажува на тоа дека треба да бидеме среќни со она кое го имаме, колку и да ни изгледа неважно или малечко. Просто треба да бидеме благодарни за богатството и да го симнеме товарот од нереалните очекувања во животот.


9.
 
Il n’y a pas plus sourd que celui qui ne veut pas entendre

Последната француска изрека вели дека „Никој не е онолку глув колку оној кој не сака да слуша“. Ова зборува за сите тврдоглави луѓе кои се вплеткани во мрежата на докажување и не обрнуваат внимание на туѓите мислења или совети.

Французите како истакнати интелектуалци, а особено парижаните, уживаат во дебати кои неретко се доживуваат како спорт. Во текот на една таква дебата, многу веројатно е дека едната или пак двете страни ќе ја употребат токму оваа позната изрека.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg