20 помалку познати мудрости од македонската народна ризница

Македонските поговорки се куси умотворби, кои ги создал обичниот народ со цел да пренесе мудрост, а неретко се проткаени и со многу хумор.

20-pomalku-poznati-mudrosti-od-makedonskata-narodna-riznica-001.jpg

Тие се дел од богатата литературна ризница, кои покрај дијалектите и гатанките го прават јазикот раскошен и автентичен.

Дел од нив ни се многу познати и ги употребуваме секојдневно во различни ситуации, како: „По утрото денот се познава“, „Брат брата не рани, тешко кој го нема“ или „Кој рано рани, две среќи граби“, но во морето македонски народни поговорки има и такви кои се употребуваат многу поретко, а сепак се подеднакво вистинити и квалитетни.

Уживајте во мудроста на македонскиот народ од минатото, чии мисли се пренесуваат од генерација на генерација и ќе останат како отпечаток во нашиот идентитет уште многу години во иднина:

1. Болна жена, болна куќа.

2. Господ да те брани од покондурен опинок.

3. Арна ли ти е жената, свадба не ти треба.

4. На свиња бисер не нижи.

5. Во поголем град – поголем глад.

6. Вистината е како пипер во очи.

7. Варено, печено, нам ни било речено.

8. Веков за лошите е рај, а за арните маки без крај.

9. Господ да те брани од пијана жена и од бесна свиња.

10. Каде има сила, нема правдина.

11. Бело му е лицето, а црно му е срцето на нажален човек.

12. Дрво на дрво се потпира, а човек на човека.

13. Галени деца и на трпеза се качуваат.

14. Водата спие, душманот не спие.

15. Два лешника, еден орев кршат.

16. Високото дрво и чавките го серат.

17. Убавите круши свињите ги јадат.

18. Кој си краде од сонот, си краде од векот.

19. Бели пари за црни дни.

20. Ако немаше темница, виделината ич не ќе ми беше мила.

20-pomalku-poznati-mudrosti-od-makedonskata-narodna-riznica-04.jpeg

Имате да додадете уште некоја народна поговорка?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...
100.000 девојки се пријавиле на аудиција за Katseye, од 6 избрани една ги напушти - Која е светската... Сигурно барем еднаш сте ја слушнале „заразната“ песна (Hands off) Gabriela. Но, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg