Подобро е да комуницираш со добра книга, отколку со празен човек

Доктор Михаил Литвак е познат како еден од најдобрите психотерапевти и психолози во светот.

20-soveti-od-Mihail-Litvak-eden-od-najdobrite-psiholozi-na-svetot-01

Тој е познат по неговиот систем наречен „Психолошки аикидо” кој може да ви помогне во решавање на многу животни ситуации.

Неговите мудри совети ќе ви помогнат да размислувате правилно и позитивно и ќе ве насочат кон вистинско надминување на стресот и нервозата.

1. Ако човек не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, тогаш почнува да говори лошо за другите.

2. Доколку сакаш нешто да загризеш, загризи ја науката, а не вратот на блискиот.

3. Депресивната состојба му е дадена на човекот за да има време да размислува за себе.

4. Никој никого не отфрла, само некој оди напред. Оној кој застанал, смета дека е отфрлен.

5. Доколку мислите добро за себе, зошто е потребно уште некој да мисли добро за вас?

6. Прави што сакаш и не прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.

7. Способноста да се сака и добро да се поднесува осаменоста е показател на духовна зрелост. Најдобро работиме кога сме осамени.

8. Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата делува.

9. Не го знам патот до успехот. Но, го знам патот до неуспехот - тоа е желбата да им се допаднеме на сите.

10. Нема машка или женска логика, постои способност и неспособност да се размислува мудро.

11. Сакаш да дознаеш кој е твојот главен непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.

12. Постигни успех – навредите ќе поминат.

13. Со пријателите е пријатно да се разговара, со непријателите е корисно.

14. Постои само една валидна причина за прекинување на врска и прекинување на работен однос - невозможноста за личен раст во зададени околности.

15. Треба да ја споделувате радоста и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, непријателите ќе се вознемират.

16. Не ја бркај среќата и ќе го најдеш местото каде се наоѓа. Среќата ќе те најде самата. Можам да ти кажам едно место каде е скриена твојата среќа – внатре во тебе. А патот до неа е максимален развој на сите твои способности.

17. Среќата е нуспроизвод од правилно организирано делување.

18. Доколку на некого сакаш да му докажеш нешто, значи дека живееш поради личноста на која сакаш да ѝ докажеш нешто. Доколку живееш поради себе, тогаш нема потреба некому нешто да му докажуваш.

19. Фантазијата - тоа е гласот на нашите способности. Јас на пример замислувам дека пеам во опера. Немам ниту глас ниту слух. А ако фантазирам согласно оваа замисла тоа ќе им наштети на моите способности. Затоа било тешко да пеам во опера. Сè што треба да направам е да размислам како да го остварам тој сон. Добро е кога човек може да каже за себе „Јас се занимавам со обиди да ги остварам своите соништа”.

20. Подобро е да комуницираш со добра книга, отколку со празен човек.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg