21 карактеристика која открива дека сте ментално силна личност

Теоретски гледано, сите искуства кои животот ни ги носи со себе нè прават посилна и подобра личност.

21-karakteristika-koja-otkriva-deka-ste-mentalno-silna-licnost-1.jpg

Оптимизмот, земањето на контролата врз животот во свои раце и среќата за она што сме се само некои од карактеристиките кои треба да ги развиваме.

Дали мислите дека имате која било од нив?

Ова се одликите на ментално силните личности според Ејми Морин, психотерапевт и експерт за ментална сила:

1. Знаете да ги балансирате емоциите и логиката

Не да бидете водени само од едно, туку да знаете правилно да балансирате меѓу двете нешта секогаш кога треба да се донесе одлука. Доколку сте ментално силни, ќе знаете како да го наравите тоа.

21-karakteristika-koja-otkriva-deka-ste-mentalno-silna-licnost-2.jpg

2. Продуктивно го трошите вашето време

Некој може да има илјада изговори за да не ја заврши работата. Но, ментално силните личности се фокусираат на она што навистина го сакаат и избегнуваат да го трошат нивното време на непродуктивни активности.

3. Верувате во вашата способност за приспособување на промените

Животот постојано се менува и понекогаш е тешко да се приспособите на новите околности. Повеќето ќе се обидат да им се спротивстават на промените, но ментално силните личности се фокусираат на справување со реалноста која брзо се менува.

4. Се соочувате со стравовите кои ве влечат назад

Повеќето луѓе се обидуваат да ги избегнат стравовите, а некои пак се обидуваат да се соочат со нив само за да изгледаат добро пред другите. Но, ментално силните личности немаат потреба ништо да докажуваат. Тие се соочуваат со стравовите и настојуваат да ги надминат со цел да станат подобра верзија на себеси.

5. Учите од сопствените грешки

Ментално силните личности не се обидуваат да ги оправдаат своите постапки или да ги сокријат грешките од другите. Тие учат од нив, а се надеваат дека така ќе станат подобри личности.

6. Наоѓате баланс помеѓу тоа кои сте навистина и кои сакате да бидете

Ментално силните личности се прифаќаат онакви какви што се во моментот, но никогаш не престануваат да бараат начини како да станат подобра личност.

7. Го славите успехот на другите луѓе

Да се биде ментално силен значи да се знае како да се соработува. Овие личности никогаш не им се љубоморни на другите. Напротив, тие знаат како да ги прослават туѓите успеси и среќа.

21-karakteristika-koja-otkriva-deka-ste-mentalno-silna-licnost-3.jpg

8. Живеете и донесувате одлуки согласно вашите вредности

Ако живеете водени од сопствени вредности приоритети, никогаш нема да имате проблем да донесете одлука. Ова е главната способност која овие луѓе ги прави силни.

9. Настојувате да ги подобрите вашите вештини, наместо да ги покажувате пред другите

Општо земено, луѓето имаат тенденција да бараат одобрување од другите. Но, ментално силните личности се фокусираат на подобрување на своите вештини, без да бараат признавање од останатите.

10. Живеете автентичен живот

Ментално силните луѓе се искрени со себе. Нивните дејства никогаш не им противречат на нивните зборови.

11. Се вреднувате себеси, а не вашите достигнувања

За овие личности не е важно дали победиле или изгубиле. Тие се фокусираат на она што се, а не на она што го имаат.

12. Знаете дека успехот е вреден за чекање

Ментално силните луѓе знаат да ги чекаат своите награди, затоа што се свесни дека на овошјето му е потребно време за да созрее. Плус тоа, нетрпеливоста е особина која само прави некоја личност да изгледа послаба.

21-karakteristika-koja-otkriva-deka-ste-mentalno-silna-licnost-4.jpg

13. Одговорни сте за своите постапки

Менталната сила не значи дека овие личности нема да направат грешки. Но, најважно од сè е што тие ќе научат нешто од нив и ќе продолжат понатаму.

14. На тешкотиите гледате како на можности

Секоја пречка и секој проблем, според овие личности, е само уште една можност да се стане подобар. Иако повеќето се иритираат од тешкотиите, ментално силните луѓе ги прифаќаат предизвиците и стануваат подобри личности.

15. Благодарни сте

Наместо да бараат уште, ментално силните личности веруваат дека имаат повеќе отколку што им треба и знаат да бидат благодарни за тоа.

16. Се фокусирате на она што го знаете и го правите најдобро

Овие личности се ефективни и успешни затоа што го посветуваат своето време, внимание и ресурси во она што знаат да го направат најдобро.

17. Станувате и продолжувате секогаш кога ќе паднете

За ментално силните личности неуспехот не значи дека е крај на патот, туку на тоа гледаат како на само уште еден нов почеток. Веруваат дека патот кој го избрале најверојатно ќе ги одведе до посакуваниот успех.

18. Вие сте реални оптимисти

Кога се соочуваат со пречки, овие личности се оптимисти, но истовремено стојат цврсто на земја, бидејќи се реални во врска со целокупните случувања.

21-karakteristika-koja-otkriva-deka-ste-mentalno-silna-licnost-5.jpg

19. Работите на вашите слаби страни

Повеќето имаат тенденција да ги сокриваат своите слабости, но ментално силните личности не се плашат да се соочат со нив и да посветат внимание за нивно подобрување.

20. Подготвени сте да ги решите проблемите

Можете да се жалите за своите проблеми и да правите големи работи од малите нешта, или пак да почнете да ги решавате проблемите, како што тоа го прават ментално силните личности.

21. Секогаш сте подготвени да научите нешто ново

Новиот ден, новата личност или новото искуство е уште еден начин да се научи нешто. Без разлика што ќе им нуди животот, ментално силните личности секогаш се желни да научат нешто ново.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg