Секој ден имаме 1.440 нови можности да направиме нешто добро

„Нови можности, нови чуда“ – нека биде вашето мото во новата 2017-та година. Колку пати сте ги испуштиле можностите да направите нешто убаво и добро? Колку пати ви се лизнала низ раце потенцијалната љубов, новата работа, дружбата со пријателите?

Sekoj-den-imame-1440-novi-moznosti-da-napravime-nesto-dobro-01.jpg

Не замижувајте пред можностите кои ви се укажуваат. Не вртете им го грбот и не ги игнорирајте поради стравот. Зграпчете го секој миг, Секоја нова можност и направете нешто добро, за себе, за саканите, за светот:

1. Секогаш завршувај го денот со убава мисла. Без оглед на тоа колку беше тежок, утре е нова можност тој да биде подобар.

2. Можностите се како изгрејсонца. Ако чекаш премногу долго, ќе ги пропуштиш.

3. Да размислуваме за слободата не како право да правиме што сакаме, туку како можност да го направиме она што е правилно.

4. Не ги чекајте неверојатните можности. Зграпчете ги секојдневните прилики и направете ги одлични.

5. Бидете благодарни кога не знаете нешто, бидејќи е можност да научите нешто ново.

6. Сите ние сме соочени со серија од одлични можности, брилијантно замаскирани како невозможни ситуации.

7. Ако верувате дека ќе испадне сè како што треба, пред себе гледате можости. Ако верувате дека нема да излезе ништо, пред себе гледате само пречки.

8. Кога се будите наутро, знајте дека денешниот ден е преполн можности кои чекаат да ги зграпчите. Нов ден, нов почеток. Почетокот на вашиот нов живот ве очекува.

9. Во еден ден има 1.440 минути. Тоа значи дека имаме 1.440 можности на располагање да направиме нешто добро.

10. Можностите се најчесто замаскирани како многу труд и работа, па поголем дел од луѓето најчесто не ги препознаваат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg