„Жената е столб на семејството“: Најдобрите цитати од Грејс Кели

Сите ја знаеме како преубавата принцезата од Монако. Таа пред да стапи во брак со принцот Реније III, била американска актерка која работела во Холивуд. 

najpoznatite-citati-na-grejs-keli-1

Била елегантна, префинета и го живеела сонот на секоја девојка.

Еве неколку нејзини најпознати цитати:

1. Татко ми имаше многу едноставен поглед на животот, не можеш да добиеш нешто од ништо. Сè мора да се заработи, преку работа, упорност и чесност. Татко ми, исто така, имаше длабок шарм и дар за освојување на доверба. Тој беше вид на човек со кого многу луѓе сонуваат да поминат една вечер.

2. Сакам да шетам во шумата, по патеки и низ плажата. Сакам да бидам дел од природата. За мене тоа е терапија. Секој мора да помине време сам за да си ги наполни батериите.

3. Кога најпосле одвоив време да погледнам во срцето на цвеќето, ми се отвори цел нов свет. Свет во кој секое патување е нова авантура, каде секоја градина е магична.

4. Ме критикувале дека сум ладна, дистанцирана и дека се однесувам како сноб. Тие што ме знаат добро, знаат дека воопшто не сум таква. Ако било што, баш сум спротивното од тоа. Но, дали е премногу ако сакаш да ја си зачуваш приватноста, твоите лични чувства? Многу работи допираат до мене и не сакам да бидам неразумна.

5. Јас сум всушност феминист. Мислам дека жените можат да направат сè што ќе посакаат.

6. Сум имала среќни моменти во животот. Но, не мислам дека среќата е нешто што вечно трае. Животот не е таков.

7. Никогаш не велам никогаш и никогаш не велам секогаш.

8. Зошто да бидам лута? Со лутење не се решава ништо. Не сакам да викам и да се расправам и не можам да бидам вмешана во караница. Преферирам да ги оставам работите такви какви што се. Кога луѓето користат погрешни и навредливи зборови , тие ме погодуваат и ги паметам долго време.

9. Кога се омажив со принц Реније, се омажив со човекот кој што тој вистински е, а не со тоа што тој преставува. Се заљубив во него без да размислувам за ништо друго.

10. Го мразев Холивуд. Тоа е град без сочувство. Само успехот е важен. Не постои друго такво место каде толку луѓе страдаат од нервен слом, каде што има толку алкохоличари, невротици и несреќа.

11. Еманципацијата на жените направи тие да ја изгубат својата мистерија.

12. Како немажена жена, луѓето ме перципираа како опасност.

13. Не сакам да бидам мажена со некој кој ќе се чувствува инфериорно, ако заработувам повеќе од него.

14. Природната улога на жената е да биде столб на семејството.

15. Сакам да глумам, но не сакам да бидам филмска ѕвезда.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg