6 ставови кои мора да ги прифатите за да научите да се сакате себеси
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 ставови кои мора да ги прифатите за да научите да се сакате себеси

Сигурна сум дека не сум ни прва ни последна личност која некогаш наивно сметала дека навистина ќе се засака саматa себе тогаш кога ќе биде сè како што треба и кога ќе ги исполни сите животни цели.

7-stavovi-koi-mora-da-gi-prifatite-za-da-naucite-da-se-sakate-sebesi-001.jpg

Секако созревањето нè учи дека ваквиот начин на размислување е потполно погрешен и помалку наивен и како всушност никогаш во целосност не сме задоволни со нашиот живот и има нешто што ни недостасува...

Животот има смисла, дури тогаш кога ќе научиме да се сакаме самите себе.

Знаете дека човек кој нема научено да се прифати и сака самиот себе, не може да биде прифатен и сакан од страна на другите луѓе.

Научете да си простувате

Простувањето е клуч кој ја отвора кутијата која содржи сè што сте посакувале. Си „ја удирате“ денеска главата поради нешто што сте го сториле пред  5, 10 години? Се прашувате како? Во суштина е поедноставно отколку што звучи.

Едноставно, простете си на себе и решете се од осудата на своја сметка. Сигурни сме дека сте учеле од своите грешки и тоа е она најважното. На крајот на краиштата сите грешиме, а тоа е факторот што нè прави луѓе.

Едноставно кажете си на себе дека сте згрешиле и продолжете понатаму. Грешките се тука за да учиме од нив, а не самите да се казнуваме на било кој начин. Немојте непотребно да ги комплицирате работите.

Не дозволувајте му на стравот да ве спречува

Стравот е исклучително подмолен, од причини што се манифестира на разни начини - преку љубомора, анксиозност, бес, нетрпение. Како да се изборите со стравот? Едноставно место страв одберете љубов.

Секој ден во секој миг имате прилика да восприемате одредени ситуации на друг начин. Вие во суштина секогаш избирате помеѓу љубовта и стравот. Можеби звучи банално, но навистина е така.

Перципирајте се себе како силна личност, која стравовите нема да ја оддалечат од намерата и целта. Знаете како велат: „Единствената работа која нè дели од нашата цел е мал глас во нашите глави кој постојано ни кажува дека ништо не можеме да направиме“. Не дозволувајте му на стравот да доминира со вашите емоции, ве спречува и одлучува место вас.

Престанете да се споредувате себе со самите себе и со другите

Престанете да се споредувате себе во однос на тоа какви сте биле пред пет години, пет дена или пред пет минути. Споредувањето причинува стравови и создава непотребна агонија. Кога се споредувате себе во однос на тоа какви сте биле претходно, си ја одземате силата, бидејќи вашата сила е во овој миг, а не во минатото.

Немојте да размислувате негативно за себе

Често самите се презираме поради некаква ситница и уште почесто, поради мала ситница забораваме колку вредиме и се претставуваме себе во најлошо светло. Нема ништо полошо од тоа. Наместо да се мачите себе, секој ден свесно трудете се да не размислувате негативно за себе. Заменете ја секоја негативна мисла , со позитивна. Со тек на времето, позитивните мисли ќе ви станат навика.

Немојте да си наметнувате преголеми и нереални очекувања

Наметнувајќи си преголеми очекувања, си создавате на себе голем притисок. Во ред е да се биде амбициозен, но работите секогаш не излегуваат како што ние посакуваме. Сè што ви е случува се случува поради вас, а не на вас. Важно е да се остане смирен, без оглед на исходот од било која ситуација.

Прифатете го своето тело и научете да го сакате

Да се сакате себе значи да се прифатите себе си во секоја смисла, што значи треба да го прифатите и сопствениот изглед. Научете да го сакате своето тело. Нашиот ум нема никаква врска со начинот на кој изгледаме. Сите сме посебни на свој начин, како умствено така и физички.

И да, самодовербата нема врска со физичкиот изглед. Тоа доаѓа однатре.

Е. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цитати за смирување и охрабрување: 20 реченици кои секогаш ќе ви помогнат да го најдете својот пат Верувајте му ја својот инстинкт. Кога внатрешното чувство ве скокотка или боцка,...
10 забавни факти за оние кои сакаат да научат нешто ново Следниве факти не се од суштинско значење за вашето образование, но ќе ви се нај...
Како да се однесувате во 20-ите за да не се каете во 30-ите? Да живеете во моментот и да гледате назад кон минатото без трошка каење можеби в...

Најчитани неделава