10 златни совети за среќа од папата Францис

„Исклучи го телевизорот, смири се и престани да ги обидуваш луѓето да се прилагодат на твоите религиозни убедувања“.

10-zlatni-soveti-za-srekja-na-Papata-Francis-01.jpg

Вака започнуваат мудростите на папата Францис кој е поглавар на Римокатоличката црква и на главната водечка позиција од 13 март 2013 година.

Сепак, тој го живее животот согласно 10 правила за кои верува дека носат мирно, среќно и хармонично секојдневие.

Еве како изгледаат тие:

Живеј и дозволи другите да живеат. 

Римјаните често пати знаат да кажат: Продолжи да се движиш напред и дозволи им на другите да го сторат истото.

Живејте онака како што сметате дека треба без да ги гушите останатите околу вас. Секој треба да го исполни својот живот онака како што сака.

Биди дарежлив кон другите.

Дарежливоста е карактерна особина која значи многу повеќе од давање пари. Давајте помош, љубов, почит и внимание. Сите луѓе треба да се емпатични и дарежливи едни кон други. Повлекувањето во себе наместо отвореност кон луѓето како и премногу фокусирање кон сопственото ЈАС води кон себичност и егоцентричност.

Чекори смирено низ животот.

Ова можеби е еден од потешките совети за совладување. Динамично време – динамично однесување. Живееме безмалку во хаос. Но, да се научи да се чекори достоинствено, спокојно и смирено низ сите животни препреки е благодет.

Правилно пополнувај го слободното време. 

Непресушната жед за материјални работи и опседнатоста со купување ги заменија едноставните корисни активности – читањето добра литература, уживањето во уметноста или играта со своите деца.

Папата Францис советува да јадете со исклучен телевизор за да се фокусирате на своето семејство, добрата храна и разговорот. Пополнете го своето слободно време со активност во која уживање – спорт, книги, музика, забава.

Неделата е ден за семејството.

Ден за одмор, ден за најблиските, ден за семејството. Колку и да сте зафатени во текот на неделата, седмиот ден нека биде секогаш резервиран за саканите.

Пронајди иновативни начини за да создадеш достоинствена работа за младите луѓе. 

Според папата Францис не е доволно само на да му дадеш плата на човекот. Потребно е заедно со тоа да оди и достоинство. Младите особено се погодени во однос на овој проблем.

Доколку си во можност секогаш изнаоѓај креативни начини да создадеш корисна, но и достоинствена работа за секој млад човек. Само на тој начин можеш да го возбудиш во врска со иднината која се протега пред него.

Почитувај ја природата и грижи се за неа.

Сме настанале од природата и повторно ќе ѝ се вратиме на неа. Да престанеме да ја уништуваме и безмилосно да ги искористуваме нејзините ресурси. Немаме резервен дом. Постојано си го повторуваме тоа, но никако не преземаме посериозна акции за зачувување на едната и единствена најубава природа околу нас.

Престани да бидеш негативен. 

Не си го трујте животот со лоши, негативни мисли. Не зборувајте лошо за другите. Тоа кажува доволно работи за вас – ако вие не се чувствувате убаво и удобно во својата кожа, зборувањето негативни работи за другите луѓе нема да ве направи, подобри, поубави, поуспешни или посреќни. Можеби само позлобни.

Почитувај ги туѓите верувања. 

Според папата Францис едно од најлошите нешта е слепо да се верува во одредена зацртана цел и агресивно да ги убедуваме другите да ја прифатат нашата религија. Впрочем, секој има право на свој избор.

Работи за мир. 

Мирот е златен и неопходен во време на толку многу војни. Папата повикува на мир за кој тврди дека никогаш не е тивок. Напротив, мирот е проактивен и динамичен. Мирот е оној кој ќе нé спаси, во секоја смисла на зборот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg