Првата слика ја насликал на 9 години: Интересни факти за Пабло Пикасо

 Пабло Пикасо е роден на 25 октомври, 1881 година во Малага, Шпанија. Поминаа точно 136 години од неговото раѓање, а неговото име и дело секогаш ќе останат синоним за врвна уметност.

5 zabavni fakti za pablo pikaso 1

За неговиот живот се знаат многу работи, но еве неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле:

1. Неговото вистинско име не било Пабло Пикасо

Всушност неговото вистинско име било Пабло Диего Хосе Франциско де Паула Хуан Непомуцено Мариа де лос Ремедиос Чиприано де ла Сантисима Тринидад Руиз и Пикасо. Ако мислите дека вашето име е долго, време е да го промените вашето мислење.

Шпанскиот уметник го користел италијанското презиме на неговата мајка затоа што мислел дека повеќе му одговара на неговиот имиџ. Пабло има италијанско потекло и тој сметал дека името кое го носи има големо значење. Не можел ни да замисли да го викаат Пабло Руиз или Диего Хосе Руиз.

5 zabavni fakti za pablo pikaso 2

2. Ја насликал првата слика кога имал 9 години

Талентот за сликарство го наследил од татко му. Пикасо почнал да црта и да бои со маслени бои уште кога наполнил 7 години.

Кога имал 9 години, ја завршил неговата прва слика. На 13 години почнал да посетува уметничко училиште во Барселона, каде што предавал татко му.

Две години подоцна ја создал својата прва важна слика.

5 zabavni fakti za pablo pikaso 4

3. Постоеле гласини дека ја украл познатата слика Мона Лиза

На 21 август 1991 година, некој ја украл Мона Лиза од Лувр и целиот уметнички свет бил превртен наопаку.

Еден француски весник понудил награда за оној кој ќе даде информации каде е сликата. Тогаш некој човек се издал дека украдол повеќе работи од музејот, кои му ги продавал на некој поет кој потоа ги продавал на Пикасо.

29-годишниот Пикасо тогаш живеел во Франција и бил доведен на суд каде што изјавил дека воопшто не знаел дека уметничките дела кои ги купува се украдени.

Не постоела никаква поврзаност или доказ дека Мона Лиза е украдена од него, па бил ослободен од обвинувањата.

Вистинскиот крадец, Винченцо Перуџа, бил фатен во 1913 година кога пробал да ја продаде сликата на некој агент.

Тој некогаш бил чувар во музејот Лувр, па ја искористил можноста да ја украде сликата и да ја понесе со себе во Италија.

Без оглед на тоа, гласините за Пикасо никогаш не престанале.

5 zabavni fakti za pablo pikaso 3

4. Неговата најголема љубов била Марија Тереза Волтер

Пикасо некогаш кажал: „Љубовта е најголемото освежување во животот” и навистина го мислел тоа.

Во 1927 година, на улица забележал една убава русокоса која се викала Марија Тереза Волтер, и ѝ пришол со клише уметничка фраза:

„Госпоѓице имате интересно лице, би сакал да го нацртам вашиот портрет. Јас сум Пикасо.”

Таа никогаш порано немала слушнато за него.

Потоа, тие започнале љубовна врска иако разликата во годините била огромна - таа имала 17 години додека тој веќе имал 45.

Тој имал жена, балерината Олга Коклова и уште неколку познати љубовници. Но оваа била најскандалозната и најпозната афера која некогаш ја имал.

Некои од неговите најпознати и најскапи уметнички дела биле испирирани од Марија Тереза.

5 zabavni fakti za pablo pikaso 6

Тие дури имале и ќерка заедно. Но најголемата муза на Пикасо никогаш не го добила неговото презиме.

Уметникот одбил да се разведе од Олга, а Марија Тереза по некое време ја прекинала врската. Откако Олга починала, Пикасо се оженил за Жаклин Рок.

Некои велат дека Марија Тереза го чекала Пикасо да ја побара за жена сè до неговата смрт.

Таа се самоубила 4 години по неговата смрт во домот кој некогаш го делеле. Жаклин исто така се самоубила 13 години по смртта на Пикасо.

5. Тој не бил само уметник

Пабло некогаш кажал: „Мојата мајка ми кажа, ако си војник ќе станеш генерал, ако си свештеник ќе станеш Папа. Наместо тоа, јас бев уметник и станав Пикасо.”

Но Пикасо не бил само уметник, тој исто така пишувал и поезија, а најмногу песни напишал откако се разделил од неговата прва сопруга. Исто така, напишал две претстави од кои една стекнала голема популарност.

Пабло мислел дека ќе стане попознат по неговите пишани дела отколку по неговите слики.

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg