10 животни лекции од Софија Лорен: Очите не можат да бидат убави, ако барем еднаш не заплакале

Беспрекорната убавица од филмското платно има богато животно искуство и добри поуки извлечени од него.

10-zivotni-lekcii-od-sofija-loren-ochite-ne-mozat-da-bidat-ubavi-ako-barem-ednash-ne-zaplakale-01.jpg

Италијанската актерка, која за време на тешките 40-ти години на минатиот век, уште како тинејџерка започнала да работи за да си дозволи подобри животни услови, има навистина богато животно искуство.

Софија Лорен уште на 15 години започнала да ја користи својата убавина на најдобар можен начин, во почетокот глумејќи во реклами, а подоцна и со мали улоги во разни филмови.

На 16 години таа се заљубила во режисерот и продуцент Карло Понти, иако тој од неа бил постар две децении и оженет. Тоа не ја спречило да го заведе.

За Карло се омажила и од бракот со него добила два сина, кои биле единствените мажи во нејзиниот живот.

Тоа не значи дека околу прекрасната Софија не кружеа најразлични приказни за афери со холивудски заводници. Таа никогаш ништо не потврди, освен тоа дека голем број колеги се обидувале да ја освојат.

Еве дел од нејзините најинтересни мисли кажани за време на разните интервјуа:

1. Сексапилот е 50% тоа што го имаш и 50% од тоа што луѓето мислат дека имаш.

2. Мораш да уживаш во животот. Секогаш опкружи се со луѓе што ти се допаѓаат, со кои можеш убаво да разговараш. Постојат толку позитивни работи за кои треба да размислуваме.

3. Фустанот треба да биде како ограда од бодликава жица – да ѝ служи на својата намена, но без да го попречи погледот.

4. По сите овие години, сè уште сум вклучена во процесот на самооткривање. Подобро е да го истражуваш животот и притоа да правиш грешки, отколку да играш на сигурно. Грешките се дел од долговите, кои личноста ги плаќа за да води богат живот.

5. Мајката секогаш треба да размислува двапати. Еднаш за себе, еднаш за своето дете.

6. Постои фонтана на младоста. Тоа е твојот ум, креативноста, која ја внесуваш во својот живот и во животот на личностите што ги сакаш. Кога ќе научиш да го користиш тој дар, тогаш вистински ќе победиш во животот.

7. Погрешно е да мислиш дека кога еднаш ќе завршиш училиште веќе нема да мора да научиш нешто ново.

8. Твоите очи не може да бидат убави, ако не заплакале барем еднаш.

9. Многу луѓе мислат дека сакаат работи, но всушност не поседуваат сила, дисциплина. Верувам дека го добиваш тоа што го сакаш само ако тоа доволно силно го сакаш.

10. Мислам дека завидливоста доаѓа однатре. Тоа е нешто што го имаш или немаш и навистина нема врска со градите, нозете или прчењето на усните.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg