За инспирацијата, мајчинството и преземањето ризици: 10 мудри мисли од Џ. К. Роулинг

Џ.К Роулинг уште кога бевме деца ни нудеше утеха, сила и инспирација преку гласовите на Албус Дамблдор, Ремус Лупин, Моли Визли и многу други омилени Хари Потер ликови.

12 mudri i duhoviti misli od j k rouling 1

Но, Џ.К Роулинг исто така ни има пренесено многу нејзини мудрости и надвор од волшебничкиот свет.

Собрани од повеќе интервјуа и јавни настапи, еве неколку мудри мисли и искуства од најпознатата авторка на денешницата:

За преземање ризици

„Некои неуспеси во животот се неизбежни. Невозможно е да живееме без да постигнеме неуспех во нешто, освен ако живеете толку внимателно, што би било еднакво на немање живот воопшто - во тој случај не успевате од самиот почеток.“

За прифаќањето на сопственото тело

„Дали 'дебел' е најлошото нешто што некој може да биде? Дали дебел е полошо од одмаздољубив, завидлив, површен, досаден или злобен? Не, според мене. Имам две ќерки кои треба да живеат во овој свет опседнат со слаби луѓе, и тоа ме загрижува, затоа што несакам да се претворат во празноглави, самобендисани клонови. Попрво би сакала да бидат оригинални, забавни, љубезни, самостојни - илјадници работи пред да бидат слаби.“

За притисокот да бидеш претставителен

„Би лажела кога би кажала дека не се грижам за мојот изглед. Да, се грижам. Неверојатно е тешко, посебно на почетокот кога станав позната, да читам критики за мојот изглед, колку ми е лоша косата или колку несредено изгледам. Најлошите работи кои некогаш биле напишени беа напишани од маж, и ги запаметив добро. Не ги ни барав, едноставно стоеја во весникот кој случајно го читав. Но, имате избор, може да одите по една од двете можни насоки. Можете да бидете личност на која јас би ѝ се восхитувала и би си кажале 'Не ми е гајле, ќе продолжам да не се окупирам со мојата коса', или ќе бидете слаби како мене и ќе помислите 'Морам да се средам и да ги слушам овие критики'.“

За вредноста

„Колку и пари да имате, вашата вредност навистина лежи во тоа да го пронајдате и да го правите она што навистина умеете да го правите.“

За моралот

„Навистина е возможно да живеете многу морален живот дури и ако не верувате во Бог, и мислам дека е возможно да живеете лош и злобен живот ако верувате во Бог.“

За важноста на мајчинството

„Пред многу години некој напишал за мене: ‘Ја претставува Моли Визли како мајка која само седи дома и се грижи за децата’. Тоа неверојатно ме навреди затоа што само до пред една година и јас бев мајка која седеше дома цело време и се грижеше за своето дете. Што е поважно и потешко од одгледувањето дете?“

За судбината

„Верувам во слободна волја. Посебно за оние, како нас, кои сме во привилигирана ситуација. За тебе, за мене: луѓето кои живеат во западното општество, луѓе кои не се потиснати, кои се слободни. Ние имаме избор. Работите најчесто се движат онака како што ние сакаме. Ние го контролираме нашиот живот. Нашата слободна волја е екстремно моќна.“

За инспирацијата

„Не разбирам од каде доаѓаат идеите и се надевам дека никогаш нема да откријам. Тоа би ми ја уништило возбудата, ако дознаам на пример дека имам некој мал израсток на површината на мојот мозок што прави да измислувам невидиливи железнички станици.“

За фантазијата

„Мислам дека не е опасно да дозволите вашите деца да фантазираат. Всушност, забраната за фантазија е една од најдеструктивните работи.”

За моќта на имагинацијата

„Имагинацијата не само што е уникатна човечка способност да го визуелизираме она што не постои, туку е извор на сите иновации. Во својата трансформативна способност, таа е моќта што ни овозможува да чувствуваме емпатија кон луѓе чии искуства не ги споделуваме. За разлика од сите други суштества на оваа планета, луѓето можат да учат и да разбираат, без да искусат нешто. Тие можат да се стават во чевлите на друг човек. Не ти треба магија за да го промениш светот, ја имаш целата моќ што ти треба внатре во тебе, ја имаш моќта да создадеш подобра имагинација.“

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg