Поучни народни поговорки: „Љубовта нема години, таа се раѓа секогаш“

Животот е тимска игра. Имајте ведар став и во него никогаш не е предоцна за љубов.

pouchni-narodni-pogovorki-ljubovta-nema-godini-taa-sekogash-se-ragja-01.jpg

Хуманоста и добрината се неопходни, но не е потребно кога ќе направиме добро дело да се сликаме за на Фејсбук да се пофалиме со тоа.

Исто така, скромноста е неопходна за среќа, па подобро научете да уживате во тоа малку што го имате чесно заработено, отколку лакомо да тргнете по богатство на нечесен начин.

Интересни поучни народни поговорки:

„Ако правиш големо добро, не удирај на големо ѕвоно.“

Покажувајте хуманост и емпатија постојано, но обидете се да го задржите тоа за себе. Правете добро поради другите, а не поради себеси.

„Веселото срце е половина здравје.“

Не грижете се премногу за работите во животот. Некои проблеми едноставно не можат да се решат, па сочувајте си го здравјето.

„Во неволја не треба да плачете, туку да барате лек.“

Од очајување нема ништо. Храбро настапете кога ќе дојдат неволјите на сцена.

„Подобро да имате малку со благослов, отколку многу со проклетство.“

Бидете благодарни за малите работи кои сте ги заработиле по сопствена заслуга. Ништо добиено на лош начин никому не му донело среќа во животот.

„Каде има слога, има и победа.“

Без тимска работа не можете да успеете на ниту едно поле во животот. Бидете во хармонија со луѓето околу вас и заедно остварувајте ги целите.

„Повеќе луѓе умреле од јадење и пиење, отколку од глад и жед.“

Алчноста не е добра особина, а тоа го покажуваат и многуте болести што потекнуваат од овој грев. Бидете умерени во сè.

„Љубовта нема години, таа секогаш се раѓа.“

Никогаш не е доцна да се вљубите повторно. Староста не значи дека треба да престанете да им покажувате љубов на луѓето околу вас.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg