„За будалата нема лек“: Интересни поговорки и цитати за будалите

Овие народни поговорки за будалите слатко ќе ве насмеат. Колку будали познавате?

za-budalata-nema-lek-interesni –pogovorki-i-citati-za-budalite-01.jpg

Постои ли некој човек околу вас за кој сметате дека е будала? Тој живее во некој свој свет и за него не важат правила.

Будали имало и ќе има, еве неколку интересни мисли за нив:

- „За будалата нема лек.“

„Будала е оној кој мисли дека другите не мислат.“

- „Паметен човек ќе научи 10 работи, а верува во една, а будалата ќе научи една работа, а верува дека знае 10.“

- „Една будала ќе фрли камен во бунар, а 300 паметни нема да може да го извадат.“

- „Ако сакаш да ги запознаеш сите лудости на будалата, само започни да го фалиш.“

- „Будалата секогаш наоѓа поголема будала на која ѝ се воодушевува.“

za-budalata-nema-lek-interesni –pogovorki-i-citati-za-budalite-02.jpg

- „Младите мислат дека старите се будали, а старите знаат дека младите се будали.“

- „Не е најголема будала тој што не умее да чита, туку тој што мисли дека сè што прочитал е вистина.“

 - „Кој нема во главата, мисли дека има многу повеќе од сите други.“

- „Будалата има голема предност пред паметниот човек – секогаш е задоволен самиот со себе.“

- „Да им се заблагодариме на будалите. Да ги немаше, ние останатите немаше да успееме.“

- „Малите будали се водат од големите будали.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg