Доситеј Обрадовиќ: „Ние луѓето патиме затоа што истите грешки ги повторуваме“

Зошто слепо ги слушаме советите од старите и потоа страдаме исто како што страдале и тие?

dositej-obradovikj-nie-lugjeto-patime-zatoa-shto-istite-greshki-gi-povtoruvame-01.jpg

Големиот српски просветител, реформатор и мислител Доситеј Обрадовиќ оставил зад себе многу мудрости.

Во една од нив говори за суеверието и објаснува зошто народот толку пати:

„Еве што велат простотата и суеверието: „Така правеа нашите стари, така ќе правиме и ние!“. Но, нашите стари поради многу од своите постапки потоа сериозно страдале, па зарем е паметно и ние како нив да страдаме? Воопшто!

Кога луѓето секогаш би останувале исти, тогаш ниту еден народ ниту би се подобрил, ниту би се просветлил.

Разумни луѓе одат на подобро, а неразумните остануваат каде што биле, а ако не се подобруваат дури одат и на полошо.

Секој што не се управува од здравиот разум и што не прави селекција кои совети се мудри, ќе пати и пропаѓа.

Ние луѓето сме слични на птиците и секогаш во истата мрежа се фаќаме и повторно не се чуваме. Од истите грешки од кои и нашите стари страдале и ние многу пати одејќи по нивните стапки сме страдале и пак не сакаме да се чуваме.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg