Древни индиски поговорки кои сè уште имаат смисла во денешно време

Старите народни изреки содржат мудрост која се пренесувала со векови од колено на колено.

Drevni-indiski-pogovorki-koi-se-uste-imaat-smisla-vo-denesno-vreme-01.jpg

Индија е една од оние земји со многу богато културолошко и јазично наследство. Таа обединува илјадници изреки кои и покрај древноста сè уште имаат многу смисла дури и во денешното, модерно време.

Древните индиски мудрости се куси, но исклучително ефектни и вистинити. Впрочем, ќе се изненадите од нивната моќ и симболиката која ја кријат во себе:

 1. Книгата е како градина која ја носиш во џебот.

 2. Кучето секогаш каса под коленото.

 3. Куќата без деца е како гробишта.

 4. Следи ја реката и ќе те однесе до морето.

 5. Најлошиот вид на сиромаштија е кога имаш многу долгови.

 6. Украдениот шеќер е најсладок.

 7. Секое куче е тигар во сопственото маало.

 8. Каква и да е водата ќе ти ја угаси жедта во пустината.

 9. Да се потпираш на некого значи да чувствуваш постојано разочарување.

10. Знаењето е богатство кое ниту еден крадец не може да го допре.

11. Онаму каде што иглата боде, конецот ја следи.

12. Бисерите немаат никаква вредност во пустина.

13. Постојат три неизвесности во светот: жената, ветерот и богатството.

14. Сиромаштијата ги создава крадците, како што љубовта ги создава поетите.

15. Доколку живееш покрај реката, спријатели се со крокодилите.

16. Никој не се изгубил на прав пат.

17. Подобро е да имаш дијамант со неколку мани, наместо совршен камен.

18. Оној кој има вистински пријател покрај себе, нема потреба од огледало.

19. Помеѓу слепите, оној со едно око е крал.

20. Немој да се пазариш за риби кои сè уште пливаат во водата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg