„Јас не се дрогирам, јас сум дрога“ - најдобрите цитати на генијалниот Салвадор Дали

„Затоа што не пушам решив да имам мустаќи, што е многу подобро за здравјето“.

Najdobrite-citati-na-genijalniot-Salvador-Dali-01.jpg

Салвадор Дали, еден од најголемите уметници на 20 век бил екстравагантен и ексцентричен сликар, писател, дизајнер и автор на филмови.

Роден е на 11 мај, 1904 година во малото каталонско гратче Фигуерас, во непосредна близина на Барселона. Денес во истиот град е сместен огромниот музеј посветен на Дали со неговите најпознати импозантни дела.

Овој драматичен сликар е најпознат по тоа што успеал да направи одлична симбиоза меѓу својата уникатност и визија, бизарното и фантазијата.

Дали се испробал во сите модернистички правци на почетокот на 20 век, импресионизмот, кубизмот, дадаизмот и надреализмот, но како што и самиот изјавил, најмногу се пронашол во последниот правец.

Можеби не ви е омилен, но несомнено е уметник како никој друг пред и по него.

А колку бил исклучителен најдобро покажуваат дел од неговите најпознати цитати:

1. Јас не се дрогирам. Јас сум дрога.

2. Немој да се плашиш од совршенство – нема да го достигнеш никогаш.

3. Интелигенцијата без амбиција е како птица без крилја.

4. Постојат денови кога мислам дека ќе умрам од преголема доза на задоволство.

5. Во шестата година сакав да сум готвач. Во седмата, Наполеон. Мојата амбиција растеше постојано уште од тогаш.

6. Музиката за време на вечера е навреда и за готвачот и за виолинистот.

7. Разликата помеѓу лажните и вистинските спомени важи и за накитот: секогаш лажните изгледаат пореално и посјајно.

8. Првиот човек којшто некогаш го споредил образот на девојка со роза е поет. Првиот кој го повторил тоа веројатно е идиот.

9. Постои само една разлика помеѓу мене и лудакот. Лудакот мисли дека е нормален, а јас знам дека сум луд.

10. Иронијата е неопходната естетска компонента на мислењето.

11. Продажбата без реклами е исто што и намигнувањето на девојка во мракот. Ти знаеш што правиш, но никој друг не го гледа тоа.

12. Вистинскиот уметник не е оној кој е инспириран, туку оној којшто ги инспирира другите.

13. Повеќето будали имаат потреба да работат со цел да заработат пари. Јас имам потреба да заработам пари со цел да работам во мир.

14. Идеите се создадени за да бидат копирани. Јас од таквите идеи имам за препродавање.

15. За лицето на жената да биде еротско, мора да биде непријатно подносливо.

Najdobrite-citati-na-genijalniot-Salvador-Dali-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg