„Денот без вино е како ден без сонце“ - 16 француски народни мудрости

„Сè ќе помине освен добрината која сте ја направиле“ и уште 15 други народни мудрости од Франција.

denot-bez-vino-e-kako-den-bez-sonce-16-francuski-narodni-mudrosti-01.jpg

Французите се нација која е позната по тоа што знае како да ужива во животот. Тие ја ценат убавината и сакаат да наздрават во име на неа со чаша квалитетно вино.

Неколку интересни француски народни мудрости:

- „Љубовта е единствена болест од која не сакаме да оздравиме.“

- „Денот без вино е како ден без сонце.“

- „Цената брзо се заборава, а квалитетот е тоа што останува.“

- „Љубовта прави да минува времето, времето прави да минува љубовта.“

denot-bez-vino-e-kako-den-bez-sonce-16-francuski-narodni-mudrosti-02.jpg

- „Сè ќе помине освен добрината која сте ја направиле.“

- „Жената е загатка – престанува да ви се допаѓа во моментот кога ќе ја одгатнете.“

- „Младоста живее од надежта, а староста од спомените.“

- „Малите потоци прават големи реки.“

- „Во вистинската љубов душата го љуби телото.“

- „Почекајте ја ноќта за да кажете дека денот бил добар.“

denot-bez-vino-e-kako-den-bez-sonce-16-francuski-narodni-mudrosti-03.jpg

- „Тројца можат да сочуваат една тајна, ако двајцата од нив се мртви.“

- „Бог често нè посетува, но ние во поголемиот дел од времето не сме дома.“

- „Богатството се стекнува со пот, се поседува со страв, а се напушта со тага.“

- „Ако не можеш да гризеш, не покажувај заби. “

- „Не постои толку мека перница како што е чистата совест.“

- „За човекот треба да судите по неговите прашања, а не по одговорите.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg