„Сакам критики, тие те прават посилен“ - 11 мотивациски цитати на Леброн Џејмс

Играчот во НБА и легендата на Кливленд Кавалирс, како и новиот играч во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, е роден 1984 година, а неговата мајка тогаш имала само 16 години и се мачела самата да го издржува. 

Motivaciski-citati-na-Lebron-Dzejms-01.jpg

Таа сепак решила дека на нејзиниот син ќе му биде подобро во фамилијарна атмосфера и му дозволила да живее со фамилијата на локалниот рагби тренер којшто подоцна го запознал Леброн со кошарката.

Откако Џејмс стана кошаркарска супер-ѕвезда, тој со својата мајка ја основаше „Леброн Џејмс Фамилијарната Фондација“ со цел да им помогне на децата и самохраните родители.

Многу кошаркарски аналитичари го сметаат Џејмс меѓу најзначајните играчи во историјата на НБА. Секако дека за да го постигне ова, тој не можел да се потпре само на својот талент и физичка градба, туку морал и да тренира многу напорно.

Прочитајте ги најмоќните мотивациски цитати на Леброн Џејмс коишто ќе ви го доловат начинот на размислување на оваа кошаркарска супер ѕвезда:

 1. „Ова е работно место и ние сакаме да се забавуваме. Но, сепак, ова е работа и треба да изгледаме како да одиме да работиме.“

 2. „Ништо не изникнува само пред тебе, мора да се потрудиш да работиш за тоа.“

 3. „Некогаш и твојот најголем труд едноставно не е доволен.“

 4. „Не плашете се од неуспех. Тоа е патот до успехот.“

 5. „Ќе ги искористам сите мои алатки, мојата способност дадена од Бог и ќе направам најмногу што можам од животот со она што го имам.“

 6. „Сакам критики. Тие те прават посилен.“

 7. „Размислувам прво за тимот. Тоа ми овозможува да успеам, тоа му овозможува на мојот тим да успее.“

 8. „Секогаш велам, одлуките коишто ги носам, со нив треба и да живеам. Секогаш има начин да ги исправиш или да ги подобриш. Но сепак, на крајот мораш да живееш со тие одлуки.“

 9. „Има многу притисок врз мене, но јас не се притискам толку многу себеси.“

10. „Мислам дека причината зошто сум личноста којашто сум денес, е затоа што поминав низ сите тие работи додека бев помлад.“

11. „Секоја вечер на теренот давам сè од себе, а доколку не сум дал 100% се критикувам себеси.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg