12 факти за дадилките на Бијонсе: Мора да се во топ форма, не смее да ѝ прозборат кога таа вежба

7. Блу Ајви е фешнистка, па дадилките мора често да ја носат на шопинг.

Детската модна икона се појавува насловните страници со убав стил од мали нозе. Самата оди по продавници и си купува облека, додека нејзините дадилки мора да ѝ го следат секој чекор.

Омилените дизајнери ѝ се Gucci, Lilly Pulitzer и Dolce & Gabbana. Откако се родени близнаците, Блу Ајви одбира слатка гардероба и за нив, сакајќи помалите брат и сестра да го имаат истиот вкус.

А, кога таа не го прави ова, Бијонсе има ангажирано асистенти кои купуваат за бебињата. Потоа ги прегледува и парчињата што ѝ се допаѓаат ги задржува, додека останатите ги враќа.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-8.jpg

8. Сите девет дадилки мора добро да го познаваат Бруклин.

Бијонсе и Соланж се посебно блиски. За разлика од сестра си, таа со сопругот и синот одбра да живее во Бруклин, далеку поскромно од семејството Картер.

Кога сака да здивне, поп кралицата неретко ѝ оди на гости со децата. А, бидејќи бара и дадилките да патуваат со неа, задолжително е одлично да се снаоѓаат на лице место. Бескопмпромисна е по тоа прашање.

Тие мора да се детално запознаени со движењето по улиците, потоа каде се најдобрите атракции, музеи и продавници за децата, но и како да привлечат што е можно помало внимание при посетата.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-9.jpg

9. Мора да ја предадат Блу Ајви на три телохранители кога ѝ е време за на училиште.

Ќерката на славната двојка оди на школо во придружба на осигурување. За нејзината безбедност се грижат тројца бодигарди, кои секој ден со два автомобила ја носат и враќаат од училиште.

Родителите почнаа да негодуваат, па дури и се пожалија на директорот, заради сообраќајниот метеж што се создава кога доаѓа и си заминува Блу Ајви. Дел од учениците се деца и на други ѕвезди, но нив обично ги води еден возач, а не цела свита.

Бијонсе и Џеј Зи го одбраа ова училиште поради Гвинет Палтроу, која ја наговори својата пријателка дека нема подобро место за ќерка им. Кога ќе си дојде дома, пак, дадилките мора ѝ одржат дополнителни часови, подучувајќи ја француски јазик, свахили и историја на уметноста.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-10.jpg

10. Дадилките мора да се љубители на уметноста, бидејќи важно е децата да бидат културно образовани.

На само шестгодишна возраст, ќерката на Бијонсе и Џеј Зи веќе зеде учество на аукција, понудувајќи 19.000 долари за уметничко дело. Не успеа да ја купи посакуваната слика, ама не си замина ни со празни раце, туку откупи друга, плаќајќи ја 10.000 долари.

Ова е првото дело кое се најде во нејзината домашна галерија. Од каде потекнува интересот за уметност на Блу Ајви?

Дадилките редовно ја водат на изложби и во музеи, покрај тоа што ѝ држат часови за историја на уметност. Секако – на барање од родителите, кои се надеваат дека нејзината страст кон уметноста ќе се продлабочи во иднина.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-11.jpg

11. Мора да останат во форма, бидејќи децата имаат напорни распореди.

Ова правило не е никакво изненадување, имајќи предвид каков начин на живот водат ѕвезди од калибарот на Бијонсе и Џеј Зи.

Не е во прашање ни дискриминација. Пејачката е свесна дека жените кои заедно со неа ќе се пробиваат низ толпи со луѓе, едноставно мора да бидат способни да ја следат.

Честопати дадилките се соочуваат и со здравствени проблеми, а таа не посакува да ѝ се случи ова, бидејќи потребно е доста време за потрага, избор и адаптација на нови вработени. Затоа е најдобро секоја од нив да биде во топ форма.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-12.jpg

12. Дадилките мора да одат на турнеја.

Покрај сопствените, жените кои се грижат за нивните деца имаат уште два дома. Првиот е куќата на семејството Картер, а вториот е автобусот за време на турнеите на Бијонсе и Џеј Зи.

Дадилките се меѓу ретките луѓе кои имаат прилика да видат што се случува и зад сцената. Месеците поминати на пат се исцрпувачки, но чековите со дебели хонорари дефинитивно им ја ублажуваат носталгијата.

Славната двојка во моментот е на турнеја, па на придружничките на Блу Ајви, Руми и Сер, месециве им претстои долга авантура низ светот. Не звучи ни така лошо, зар не?

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-13.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg