12 факти за дадилките на Бијонсе: Мора да се во топ форма, не смее да ѝ прозборат кога таа вежба

Медиумите избрзаа да напишат дека жените кои се грижат за децата на семејството Картер се вистински среќнички, исклучиво поради високите плати што ги добиваат од поп кралицата и раперот Џеј Зи.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-1.png

Меѓутоа, какви критериуми треба да исполнат за да го добијат работното место? И кои се строгите правила кои мора да ги почитуваат, доколку сакаат да го задржат? Знаевте ли дека пејачката има самата напишано прирачник ?

Ова се дванаесетте интересни факти за дадилките на Бијонсе:

1. Сите вработени мора да го прочитаат и потпишат прирачникот на Бијонсе.

Работејќи на својата биографија, музичката дива откри дека самата има напишано прирачник со наслов „The Daily Program for Blue Ivy as per Mrs. Carter“, а од секоја потенцијална дадилка бара истиот добро да го прочита.

Доколку ги прифаќа условите и семејството се одлучи за неа, тогаш одбраната кандидатка мора да се потпише на правилникот, налик на договор за работа.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-2.jpg

2. Блу Ајви има три дадилки плус личен готвач.

Непосредно по породувањето, Бијонсе ангажираше дури три дадилки да се грижат за ќеркичката. Иако бебињата не прават многу нешта на оваа возраст, нивната помош ѝ беше добредојдена на поп кралицата, давајќи и го посакуваниот простор за побрзо враќање на  сцената.

Денес, пак, дадилките ја водат Блу Ајви на шопинг, везден ѝ држат часови по враќањето од училилиште, а се трудат и таа да ја има сета слобода на светот за да се изрази себеси. Истовремено водат грижа за нејзината безбедност.

Заедно со нив работи и личниот готвач на госпоѓицата Картер, кој ја опишува малечката како навистина „пребирлива“ гурманка. Според неговите зборови, омилена порција ѝ се „тестенини во облик на балерини со аспарагус.“.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-3.jpg

3. Руми и Сер имаат шест дадилки со годишна плата од 100.000 американски долари.

Факт е и дека брачната двојка Картер не штеди пари, туку издвојува половина милион за негата на нивните близнаци. Ангажираа шест дадилки, а секоја од нив добива по сто илјади долари на годишно ниво.

Заедно со трошоците за дадилките на Блу Ајви, сумата надминува милион. А згора на сè, тие плаќаат и лични асистенти, готвачи и.чистачки. Како Бијонсе ја образложи неопходноста за повеќе негувателки?

„Близнаците не спијат во исто време, така што одлучивме дека ни се потребни по три за двете деца. Работат на смени од осум часа. Така јас можам да се наспијам и да тренирам секојдневно.“

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-4.jpg

4. Не им е дозволено да ја вознемируваат Бијонсе додека вежба.

Откако стана мајка на близнаци, фитнес рутината на пејачката е поригорозна од кога и да е. Штом го зацели организмот по породувањето, веднаш влезе во теретана.

Бијонсе некогаш вежба и трипати дневно. Додека таа вредно работи на своето тело, дадилките не смее да ѝ додеваат. Дозволено е да ѝ се обратат само во итни случаи.

Дури и шишенцата со мајчино млеко им ги остава во позадина, само за да не ја прекинуваат.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-5.jpg

5. Сите дадилки мора да се билингвални – по можност на француски.

Постојат шпекулации дека на жените што се грижат за децата на Бијонсе и Џеј Зи им е наложено да носат потпетици додека работат. Но, ова се непотврдени правила.

Она што е потврдено се две конкрентни правила. Првото е дека дадилките мора да бидат среќни што патуваат низ светот со семејството Картер, а второто е да говорат барем два јазика. Пожелно е да го познаваат францускиот од повеќе причини.

Брачната двојка е силно врзана за Франција, а и внукот на пејачката го зборува јазикот, поради потеклото на неговиот татко. Таа самата призна дека не знае ниту еден странски јазик, но амбицијата ѝ е децата да ја надминат во животот. Затоа има желба  секое од нив да биде билингвално.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-6.jpg

6. Мора да водат сметка за распоредот на доење на Бијонсе.

Поп кралицата не се срами да ги дои своите деца ни во јасност. Напротив. Таа верува дека мајчиното млеко е најдобро за нив.

По раѓањето на близнаците, докторите ја советувале да ги храни двете бебиња заедно, што е невозможно, бидејќи обично се гладни во различно време. Меѓутоа, сега има направено распоред за обајцата, благодарение на дадилките.

За да се реши проблемот, тие ѝ помогнале да ги научи да цицаат во исто време, оставајќи ги да поплачат додека не се синхронизираат. Се разбира  -  со местење многу аларми.

12-fakti-za-dadilkite-na-bijonse-mora-da-se-vo-top-forma-ne-smee-da-i-prozborat-koga-taa-vezhba-7.jpg

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата н... Не ѝ дозволиле да се венча со љубовта на нејзиниот живот, сопругот ја изневерува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg