„Единствената добра зависност е љубовта“ - 15 цитати од најсиромашниот претседател на светот

Скромниот претседател на Уругвај донирал 90% од својата плата во добротворни цели и е инспиративен пример за оние кои сакаат на мирен начин да го променат светот кон подобро.

15-citati-od-najsiromasniot-pretsedatel-na-svetot-01.jpg

Именувањето на Уругвај за земја на годината во 2013 од страна на списанието Економист, е секако најголемо признание за нејзиниот претседател Хозе „Пепе“ Мухика, кој стоеше на чело на земјата од 2010 до 2015 година.

Неговите размислувања се длабоки, искрени и многу поучни. Задолжително прочитајте неколку цитати од овој неповторлив, уникатен претседател:

1. За револуциите и протестите

„Сум видел неколкупати како пролетта се претворила во ужасна зима. Ние луѓето сме дружељубиви. Не можеме да живееме сами. За нашите животи да бидат возможни, мораме да зависиме од општеството. Едно е да ја бутнете владата или да ги блокирате улиците.

Но, сосема друга работа е да креирате и градите подобро општество, на коешто му треба организација, дисциплина и долгорочна работа. Да не ги помешаме двете работи.

Сакам да бидам јасен: јас имам симпатии кон младешката енергија, но мислам дека таа никаде нема да стигне доколку не созрее.“

2. За легализацијата на марихуаната

„Отсекогаш било така со промените. Во 1913 година го востановивме правото на развод, како право на жените во Уругвај. Знаете што велеа тогаш? Дека фамилиите ќе се распаднат. Дека тоа е крајот на доброто однесување и на општеството.

Секогаш имало конзервативно и традиционално мислење коешто се плаши од промена. Кога бев млад и одев на игранки, моравме да носиме костими и вратоврски. Доколку не носевме, немаше да нè пуштат. Денес мислам дека веќе никој не се дотерува толку за игранки.“

3. За материјализмот

„Ги жртвувавме старите нематеријални богови и сега ги посетуваме храмовите на богот на пазарот. Тој ја организира нашата економија, нашата политика, нашите навики, нашите животи и дури ни наметнува и рати и кредитни картички и ни дава привид на среќа.“

„Се чини дека сме се родиле само за да консумираме и само да консумираме, а кога нема да можеме повеќе да консумираме, тогаш имаме чувство на фрустрација и патиме од сиромаштија и сме автомаргинализирани.“

4. За глобалното потрошувачко општество

„Веќе можеме да рециклираме речиси сè сега. Доколку живеевме според нашите можности и бевме внимателни, овие 7 милијарди луѓе на светот ќе можеа да имаат сè што им треба. Глобалната политика треба да се движи во тој правец. Но, ние размислуваме како луѓе и земји, а не како вид.“

5. За абортусот и истополовите бракови

„Применивме едноставен принцип: Препознавање на фактите. Абортусот е стар колку што е стар светот. Геј бракови, ве молам - тоа е постаро од светот. Го имаме Јулиј Цезар, Александар Македонски, ве молам.

Да кажете дека тоа е модерно, па дајте, тоа е постаро од нас. Тоа е објективна реалност што постои. За нас, да не го легализираме би било да ги мачиме луѓето непотребно.“

6. За прекинување на конфликтот во Колумбија помеѓу владата и бунтовниците

„Од далеку, се чинеше како војна без решение и како долга жртва на целата земја. Затоа, кога се појави претседател што се обиде да отвори пат кон мирот, јас сметав дека заслужува поддршка, бидејќи тука има многу болка, а доколку тие се обидат да ги израмнат сметките, тогаш војната нема никогаш да заврши. Но, има шанса. Би се чувствувал себично доколку не помогнев некако.“

„Помошта не значи да интервенирате. Нема да се мешам ако не сум поканет. Но, можам да служам како посредник со моето искуство, ќе ја поддржувам владата во повикот за дијалог со бунтовниците, кои, исто така, имаат свои проблеми и свои стравови. Мислам дека сите Латиноамериканци треба да помогнат.“

7. За скромноста додека е претседател

„Веднаш штом политичарите ќе почнат да се искачуваат по скалилата, тие стануваат кралеви. Не знам како тоа функционира, но знам дека републиките настанале со мислата дека никој не треба да биде повеќе од некој друг.

Помпезноста на канцеларијата е нешто што е останато од феудалното минато. Потребна ви е палата, црвен тепих, многу луѓе зад вас кои кимаат со глава, а јас мислам дека тоа е ужасно.“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg