Стојат на максимум 3,5 метри од полиците: Тајни за работата на презентерите на храна

На многумина им се допаѓа кога ќе начекаат презентација на некој продукт во маркетите, особено ако тоа вклучува и можност за пробување на нешто вкусно.

nekolku-tajni-za-rabotata-na-prezenterite-na-hrana-01.jpg

Ако некогаш сте се запрашале како им е на момците и девојките кои презентираат, сигурно сте помислиле дека не е баш забавно да се соочуваат со сите тие луѓе и да ја задржат насмевката на лицето.

Но, како и за секоја професија, така и презентерите имаат свои начини да си го направат работното време поинтересно. Исто така, поминуваат и низ фаза на обука, како и запознавање со производот кој го промовираат.

Факти за презентерите на продукти:

Најчесто не се вработени во продавницата

Во најголем дел од случаите ги ангажира компанијата која треба да презентира свој производ или пак се дел од агенција која врши таква дејност.

Токму поради тоа и ги гледате само околу полиците каде се продава конкретниот производ.

Половина смена им минува во подготвување и редење на послужавник

Ако презентираат сирење, треба да го исечат на парчиња и да го искомбинираат со соодветен леб или крекери. Ако презентираат дресинг за салата, тогаш можеби и подготвуваат одредена количина и ја даваат на потрошувачите. Во секој случај, тоа може да одземе најмалку еден час.

Стојат нa максимум 3,5 метри од полиците

Презентерите треба и физички да бидат блиску до продуктот што го промовираат. Тоа значи дека во текот на работното време не се движат многу, но треба и да внимаваат некој невнимателен да не ја турне храната и секогаш да има доволна количина за да може секој да земе.

Она што особено ги иритира е што некои луѓе ќе допрат повеќе примероци пред да го изберат оној што им се допаѓа. Тоа автоматски ја прави храната неупотреблива.

nekolku-tajni-za-rabotata-na-prezenterite-na-hrana-02.jpeg

Следат точни упатства за успешна продажба

Насмевни се, покани, разговарај, понуди примерок и постави прашање - вака изгледа упатството за успешна продажба. Исто така, на презентерите им е дозволено да користат и своја лична стратегија, сè додека резултира со успех.

Мора да се справат со „нинџите“

Реалноста е дека постојат луѓе кои забораваат на пристојноста и добрите манири кога ќе видат дека нешто се нуди бесплатно. Презентерите имаат ограничена количина производ за презентација и мораат да најдат начин да се справат со оние кои не се заинтересирани да купат, туку само да изедат нешто бесплатно додека се во маркетот.

Се грижат да не се фрла многу храна

Добрата проценка е секогаш клучна, па затоа презентерите треба да имаат стратегија за заштеда. Доколку се работи за спакуван продукт, тогаш најчесто може да се врати на полиците на храната. Но, кога е во прашање нешто што се презентира отворено, тогаш истото се фрла.

Не секогаш им се допаѓа она што го презентираат

Често се случува на презентерите да не им се допаѓа она што сакаат да го продадат. На пример, може да се случи да не јадат одреден вид месна преработка, но и покрај тоа, да треба да ги убедат потрошувачите дека е вкусна и квалитетна.

Сакаат љубезни потрошувачи

Кога сме во трка со времето, некогаш навистина не ни се слуша презентација за производ за кој не сме заинтересирани. Сепак, презентерите сметаат дека е доста доблесно што некои потрошувачи ги слушаат до крај пред љубезно да ги одбијат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава