Непознати факти за славните кои ќе ви ја откријат нивната друга страна

Со тоа што славните личности се постојано мета на медиумите и јавноста го прати секој нивни чекор, многумина мислат дека знаат сè за нив.

nepoznati-fakti-za-slavnite-koi-kje-vi-ja-otkrijat-nivnata-druga-strana-01.jpg

Сепак, и тие имаат страна која не ја покажуваат во јавност, односно некои работи кои на малкумина им се познати.

Има многу изненадувачки факти за карактерот и животот на славните, за кои веројатно никогаш не сте слушнале.

Дознајте нешто ново за славните личности:

Ема Вотсон е родена во Франција. Нејзините родители од Англија живееле во близина на Париз додека не се разделиле во 1995-та, па на 5 години, Вотсон се преселила во Англија со мајка ѝ.

nepoznati-fakti-za-slavnite-koi-kje-vi-ja-otkrijat-nivnata-druga-strana-02.jpg

Кијану Ривс има многу патено во животот. Кога имал 3 години, татко му го напуштил семејството. На 23 години, неговиот другар Ривер Феникс умрел од предозирање. Во 1999-та, неговата девојка Џенифер затруднела, но родила мртов плод. По 18 месеци, таа загинала во сообраќајна незгода.

Тејлор Свифт прво работела на фарма каде нејзиното семејство растело божиќни елки. Како тинејџер таа ги проверувала и чистела елките од буибачки.

Хали Бери е крстена по стоковна куќа Halle’s Department Store, која во тоа време била локален заштитен знак на нејзиното родено место Кливленд.

Метју Меконахи има фетиш на храна. Вкусот му е најчувствително сетило и некогаш мора да престане да јаде бидејќи чувството е многу силно. Кога јаде нешто многу вкусно, тој вели дека се ежи, па некогаш преферира да е гладен отколку да е совладан од ова чувство.

Џони Деп смртно се плаши од кловнови, а неговата фобија датира од детството кога имал кошмари со лица на кловнови. Тој вели дека нивните нашминкани лица и лажни насмевки најмногу го вознемируваат бидејќи го кријат вистинското лице и не може да се открие дали се навистина среќни или се подготвени да те нападнат.

nepoznati-fakti-za-slavnite-koi-kje-vi-ja-otkrijat-nivnata-druga-strana-04.jpg

Џенифер Лопез е првата личност во историјата која има број 1 филм и број 1 албум во иста недела. Во 2001-ва, The Wedding Planner, романтична комедија во која игра главна улога и нејзиниот втор албум J.Lo беа пуштени во иста недела.

Николас Кејџ поседувал октопод како домашно милениче, кое чинело 150.000 долари, а според неговата изјава, вредело за парите, бидејќи проучувањето на неговите движења му помогнало во актерската кариера.

nepoznati-fakti-za-slavnite-koi-kje-vi-ja-otkrijat-nivnata-druga-strana-05.jpg

Мадона работела во Dunkin’ Donuts кога се откажала од факултет и се преселила во Њујорк, бидејќи немала многу пари во периодот. Но, дивата не издржала ни еден ден – била отпуштена бидејќи шприцала фил од крофните во купувачи.

nepoznati-fakti-za-slavnite-koi-kje-vi-ja-otkrijat-nivnata-druga-strana-06.jpg

Натали Портман има дипломирано психологија. Во 1999-т направила 4-годишна пауза од актерството за да се посвети на дипломата.

Деми Мур кога била млада имала криви очи, а иако по неколку операции состојбата ѝ се подобрила, сепак окото не може да следи соодветно од време навреме. Во овие периоди, Деми носи очила за сонце.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава