Цитати од познатите личности кои ги изгубивме во 2018-та
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Кувар/ка 22-03-2019


Цитати од познатите личности кои ги изгубивме во 2018-та

Во 2018-та од овој свет си заминаа многу познати и значајни личности, кои со своето дело оставија траен белег во светот.

citati-od-poznatite-lichnosti-koi-gi-izgubivme-vo-2018-ta-01.jpg

Оваа компилација од цитати е во нивен спомен:

„Ако песната е за нешто што ми се случило или што можело да ми се случи, тоа е добро. Но, ако ми е непозната, не можам да направам ништо, затоа што, тоа е соулот - да живееш и да се справуваш со животот“, Арета Френклин

citati-od-poznatite-lichnosti-koi-gi-izgubivme-vo-2018-ta-02.jpg

„Епитетот американски еврејски писател не ми значи ништо. Ако не сум Американец, тогаш сум ништо“, Филип Рот

„Кога ќе се соочите со можноста за рана смрт, сфаќате дека вреди да го живеете животот и дека постојат многу нешта кои всушност сакате да ги направите“, Стивен Хокинг

citati-od-poznatite-lichnosti-koi-gi-izgubivme-vo-2018-ta-05.jpg

„Постојат три начини да стигнете до Холивуд: Да станете актер или да бидете јавна личност или да станете ѕвезда. Јас секогаш сакав да бидам трите“, Барт Рејнолдс

„Сакам читателот да почувствува дека сме пријатели, дека споделуваме нешто значајно за кое надворешниот свет не е ни свесен“, Стен Ли

citati-od-poznatite-lichnosti-koi-gi-izgubivme-vo-2018-ta-06.jpg

„Кујната е како подморница или пиратска група. Притисокот е голем, па смислата за хумор е апсолутно потребна“, Ентони Бордејн

citati-od-poznatite-lichnosti-koi-gi-izgubivme-vo-2018-ta-03.jpg

„Колку повеќе создаваш, толку ти е појасно дека целта е многу поголема од само добри песни“, Мек Милер

„Музиката е дел од животот, а не живот. Припаѓа заедно со она што доаѓа прво - семејството, децата, најважните нешта“, Монсерат Кабаље

citati-od-poznatite-lichnosti-koi-gi-izgubivme-vo-2018-ta-04.jpg

„Јас сум режисер. Јас сум жена. Но, зошто да се делиме на маж режисер и жена режисер - зошто да не е само режисер?“, Пени Маршал

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати за негативните луѓе „На негативните луѓе драмата им е како кислород. Останете позитивни, ќе им го од...
Инспиративни цитати за секоја нова мајка и нејзиното тело по породувањ... Без оглед како и да се породила, телото на мајката во најголем број случаи веќе ...
Цитати за смирување и охрабрување: 20 реченици кои секогаш ќе ви помог... Верувајте му ја својот инстинкт. Кога внатрешното чувство ве скокотка или боцка,...