5 цитати од познатите личности за анксиозноста, кои може да ве смират во моменти на криза


5 цитати од познатите личности за анксиозноста, кои може да ве смират во моменти на криза

Секојдневно читаме и слушаме стотици совети како можеме да си го подобриме животот и како да станеме што поотпорни на стрес и анксиозност.

5-citati-za-anksioznosta-koi-mozhe-da-ve-smirat-vo-momenti-na-kriza-01.jpg

Ако страдате од овие нарушувања, тогаш сигурно веќе знаете одредени механизми кои ви ги олеснуваат кризните епизоди.

Но и покрај тоа, секогаш е добро да се „наоружате“ и со други одбранбени оружја.

Ова се неколку ситуации во кои можете да се најдете и инспиративни цитати кои може да ви помогнат кога сте анксиозни:

Кога се соочувате со социјална анксиозност

„Замолчете го вашиот внатрешен критичар и издигнете се над социјалната анксиозност. Всушност, стекнувате повеќе самодоверба кога ги правите нештата пред да ги размислите, кога уште сте исплашени. Ако чекате додека да се подготвите, ќе се исплашите, бидејќи цело време ќе мислите дека не сте подготвени. Стекнуваме комфор и самодоверба преку моментите на неудобност“, д-р Елен Хендриксен

Кога се чувствувате осамени

„Менталното здравје е многу важно. Луѓето често не му обрнуваат внимание. Со мојата музика сакам да ги гушнам сите тие луѓе, музички и знам дека е малку чудно кога велам дека сакам да ги гушнам, но тоа е вистина. Луѓето мора да бидат подобри“, Аријана Гранде во радио-интервју

5-citati-za-anksioznosta-koi-mozhe-da-ve-smirat-vo-momenti-na-kriza-02.jpg

Соочување со сопствената состојба

„Знам дека мојата анксиозност не е неопходно предизвикана од некој конкретен страв. По три децении од нејзиното струење низ моите вени, анксиозноста понекогаш ми влегува и во коски“, Сара Вилсон, автор

За важноста да знаете да кажете „не“

„Сфатив дека дел од мојот идентитет е да кажам 'не' кога нешто не сакам да направам. Ваше право е да одберете што сакате да правите, во што верувате и да го водите животот според својата перспектива. Откако научив да велам 'не', полека, но сигурно, почнувам да се сеќавам која сум и конечно можам да се погледнам во огледало и да ја препознаам таа личност, дека тоа сум јас“, Лејди Гага

За љубезноста и трпеливоста кон себе

„Страдам од анксиозност, се снимам и потоа ги гледам тие видеа, за да можам да бидам емпатична со себе. Сакам да ја прегрнам 'јас' од минатото и да ѝ кажам дека сè ќе биде во ред. Ми се допаѓа да ги гледам овие видеа. Не е пријатно, но сосема сум слободна и полесно се прифаќам себе“, Џина Родригез

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати за негативните луѓе „На негативните луѓе драмата им е како кислород. Останете позитивни, ќе им го од...
Инспиративни цитати за секоја нова мајка и нејзиното тело по породувањ... Без оглед како и да се породила, телото на мајката во најголем број случаи веќе ...
10 забавни факти за оние кои сакаат да научат нешто ново Следниве факти не се од суштинско значење за вашето образование, но ќе ви се нај...