Првата елка била од гускини перја со зелена боја - 10 интересни факти за Божиќ

Иако Божиќ е секогаш поврзан со традицијата и религијата, сепак има многу интересни, па дури и чудни работи поврзани со овој празник.

10-interesni-fakti-za-Bozikj-01.jpg

Така на пример, дали сте знаеле зошто Рудолф ирвасот има црвено носе? Или пак што јадат за Божиќ во Јапонија? Како Дедо Мраз успева да стигне и да ги донесе сите подароци на време?

Одговорите на сите овие интересни прашања, ќе ги прочитате во продолжение:

1. Носот на Рудолф, еден од ирвасите на Дедо Мраз, е црвен затоа што има паразитска инфекција на неговиот респираторен систем.

Ова го тврди Роџер Хајфилд, авторот на книгата „Физиката на Божик: Од аеродинамиката на ирвасите па сè до термодинамиката на мисирката“. Сепак оваа паразитска инфекција е симбиотска, бидејќи му помага на Рудолф со носето да го осветли патот.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (6).jpg

2. Во Холандија, Дедо Мраз доаѓа од Шпанија, не од Северниот Пол и тоа не е сè. Тој наместо џуџиња коишто му помагаат има мали црномурести момчиња коишто можат да ги украдат децата ако се лоши и да ги однесат во Шпанија, што според Холанѓаните е казна.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (8).jpg

3. Доколку најдете пајажина на елка во Германија, Полска и Украина, се верува дека тоа е голема среќа. Според една легенда, пајакот го сплел ќебенцето за бебето Исус, а според друга, пајажината на елката може да се претвори во сребро и злато кога ќе ја осветли сонцето.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (9).jpg

4. Дедо Мраз го растегнува времето како да е гумен ластик, за да може да ги донесе сите подароци на време. Според Обединетите Нации во светот има 2.106 милиони деца. Ако се земе дека во просек секое семејство има по 2.5 деца, тоа се 842 милиони семејства, односно места каде што треба да остави подарок Дедо Мраз.

Со оглед на временските зони, тој би имал 36 часа да ја заврши својата работа, значи просечната брзина би требала да му биде приближно 1.000 километри во секунда. Што е помалку од брзината на светлината, што значи теоретски е возможно да се заврши работата.

Професорот на Универзитетот на Северна Каролина, тврди дека за да постигне да ги донесе сите подароци, Дедо Мраз користи облаци од релативитет коишто му помагаат додека патува да го растегне времето на неколку месеци, а тоа за нас се чини како неколку минути.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (7).jpg

5. Две недели пред Божиќ е најпопуларното време за раскинување. Според анализата на статусите на Фејсбук, овој период е пореален за раскинување дури и од периодот пред Свети Валентин.

6. Во Ерменија, традиционалниот оброк за Бадник се состои од пржена риба, марула и спанаќ. Многу Ерменци постат пред Божиќ па затоа вечерата за Бадник е лесен оброк, за да не се оптовари стомакот премногу.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (1).jpg

7. Јапонците традиционално јадат во KFC за Божик. Иако во Јапонија има многу малку христијани, сепак секој Божиќ, децата и возрасните одат до најблискиот ресторан на KFC и уживаат во прженото пилешко.

Сево ова се должи на многу успешната кампања на KFC уште во далечната 1947 година. Откако кампањата забележала невиден успех, KFC решиле да ја продолжат секоја година и така станала асоцијација за Божик.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (5).jpg

8. Првата вештачка елка воопшто не била елка, туку била направена од гускини перја офарбани во зелена боја. Првите вештачки дрвца биле произведени во Германија во 19 век, а станале многу популарни во 20 век, кога се прошириле низ целиот свет.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (3).jpg

9. Во Исланд имаат 19 Дедо Мразовци и една стара жена којашто киднапира деца. Божиќ во Исланд е шарен спој од традиција, легенди, религија и фолклор. Наместо еден Дедо Мраз, децата ги посетуваат 13 Јулеади, коишто или ги наградуваат децата ако биле добри или ги казнуваат ако биле лоши.

Празниците почнуваат 13 дена пред Божиќ и секој ден пристигнува по еден Јулеад во домот и ги полни чевлите што децата ги оставаат под елката со слатки и мали подароци или со расипани компири, зависно од тоа дали биле добри или лоши. Мајката на Јулеадите, полутрол - полуѕвер, ги киднапира лошите деца и ги вари во казан.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (11).jpg

10. Во Германија на Божиќ се верува дека е магично време кога луѓето коишто се чисти во срцето можат да ги слушнат животните како зборуваат.

Тие, исто така, можат да видат како водите во реките се претвораат во вино, елките цветаат и раѓаат плодови, планините се отвораат и откриваат скапоцени камења скриени во нив, а од дното на морето може да се слушне ѕвонење на ѕвонче.

10-interesni-fakti-za-Bozikj (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава