„Една смрт е трагедија, милиони се статистика“ - најмоќните цитати на Сталин

Јосиф Висарионович Сталин (1878-1953) бил лидер на Советскиот Сојуз од средината на ’20тите години, сè до неговата смрт во 1953 год. Со апсолутна власт, Сталин се смета за најдоминантната личност во историјата на СССР.

Najmoknite-citati-na-Stalin-01.jpg

Сè уште се водат жестоки дебати врзани со неговото име во Русија. Едни сметаат дека Сталин бил херој и патриот, а други го преколнуваат поради неговата параноична и злосторничка природа.

Во секој случај, станува збор за личност која дефинитивно оставила огромна трага во историјата на светот. Еве како размислувал тој:

 1. Писателот е инженер на човековата душа.

 2. Не можете да кренете револуција со свилени ракавици.

 3. Благодарноста е болест од која патат кучињата.

 4. Кога ќе дојде време да ги бесиме капиталистите, тие ќе ни ги продадат јажињата со кои треба да ги обесиме.

 5. Не верувам никому – дури ни самиот на себе.

 6. Образованието е оружје чиј ефект зависи од тоа кој го држи во своите раце и кон кого е насочено.

 7. Една смрт е трагедија, милиони се статистика.

 8. Многу ѓубре ќе биде истурено на мојот гроб, но ќе го развее ветрот и историјата.

 9. Верувам само во една работа, моќта на човековата волја.

10. Смртта ги решава сите проблеми. Нема луѓе, нема проблеми.

11. Искрениот дипломат му доаѓа нешто како сува вода или дрвено железо.

12. Идеите се помоќни од оружје. Ние никогаш не би дозволиле нашите непријатели да имаат оружје, па зошто би им дозволиле да имаат идеи?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg