Научила да шие во дом за сираци и уште 8 факти за Коко Шанел

Познатата модна икона никогаш не го изгуби своето силно влијание врз стилот и убавината, но и општо врз модата денеска.

nekolku-neshta-shto-ne-gi-znaevte-za-legendarnata-koko-shanel-01.jpg

Но, дали знаевте дека научила да шие во дом за сираци и дека водела децениски спорови за нејзините парфеми?

Доколку сте љубител на брендот Шанел, овие факти ќе ве изненадат:

Таа научила да шие во дом за сираци

Габриел Шанел е родена на 19 август 1883 година. Нејзината мајка починала кога таа имала 12 години, а татко ѝ ги сместил нејзе и нејзините сестри во католички дом за сираци. Таа таму научила да шие.

Прекарот Коко доаѓа од нејзината кратка музичка кариера

По напуштањето на домот, таа работела во кројачница, но бргу потоа почнала да пее во нешто налик кабаре, а била позната по две песни: „Ko Ko Ri Ko“ и „Qui qu'a vu Coco dans l'Trocadero?“. Кога публиката ја барала, извикувала „Коко! Коко!“

nekolku-neshta-shto-ne-gi-znaevte-za-legendarnata-koko-shanel-02.jpg

Изработувала и продавала женски шапки

Во 1910 година го отворила бутикот за шапки „Шанел мод“, а целиот асортиман го изработувала токму таа. Парите ги добила од богатиот Етиен Балсан, на кого Коко му била љубовница. Популарноста на нејзините шапки ја започнала познатата француска актерка Габриел Дорзија.

Сама го дизајнирала познатото лого

Од 1924 до ден-денеска, логото на брендот Шанел воопшто не е сменето. Таа самата го дизајнирала и иако се поклопува со иницијалите, постојат и многу теории дека е копија на друго лого, но и дека тоа се вкрстени букви од нејзинито и името на нејзината најголема љубов, Артур Капел, кој загинал во сообраќајка.

nekolku-neshta-shto-ne-gi-znaevte-za-legendarnata-koko-shanel-03.jpg

„Шанел 5“ е резултат на лабораториска грешка

Парфимеристот Ернест Бо креирал серија од мириси, од кои тој што е нумериран со 5 најмногу ѝ се допаднал на Коко. Друга легенда вели дека бројот 5 бил нејзин среќен број. Но, без разлика на тоа, планот бил да се креира мирис со јасмин, роза, сандаловина и ванила, но по грешка била додадена и поголема доза на алдехид. Токму алдехидот бил одговорен што овој мирис и денеска е еден од најомилените и најпродаваните во светот.

За „Шанел 5“ се воделе судски спорови

Коко склучила договор со бизнисменот Пјер Вертхајмер кој се согласил масовно да го произведува парфемот, но и да го зема најголемиот дел од профитот. Таа добивала само 10% од продажбата, додека останатите 20% ги добивала продавницата каде првично се продавал. До крајот на својот живот таа се борела за својот продукт, но Вертхајмер имал адвокат чија единствена задача била да оди против Коко Шанел на суд.

nekolku-neshta-shto-ne-gi-znaevte-za-legendarnata-koko-shanel-04.jpg

Винстон Черчил ѝ бил добар пријател

Таа имала многу познати пријатели, насекаде. Еден од нив е и Винстон Черчил, кого го запознала преку својот тогашен љубовник, војводата од Вестминстер.

Иако имала многу врски и афери, никогаш не се омажила

Покрај модата, Шанел е позната и по своите афери. Меѓу нејзините познати љубовници се и Пабло Пикасо, војводата од Вестминстер и композиторот Игор Старвински.

Коко Шанел е одговорна и за популарноста на малиот црн фустан

Безвременското модно парче ја должи својата популарност и на самата Коко Шанел. Во нејзините колекции малиот црн фустан го имало во најразлични форми и модели, што само по себе било револуција, бидејќи дотогаш црната боја била сметана за боја на жалоста.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg