„Не се плашам од умирање. Се плашам дека не бев жив доволно долго“ - Филмски цитати кои се животни лекции

Понекогаш, најголемата инспирација потекнува токму од филмовите. Вистинските љубители на седмата уметност ќе ви го потврдат токму тоа.

Kultni-filmski-citati-koi-ke-ve-naucat-na-zivotni-lekcii-01.jpg

Филмовите, барем оние добрите, никогаш не се залудно потрошено време. Тие нè тераат да размислуваме, да анализираме и едноставно да станеме подобри луѓе денес од оние што сме биле вчера.

Прочитајте неколку од најмоќните цитати од култните филмови:

Fight Club (1999)

„Ги гледам во боречкиот клуб најсилните и најпаметните мажи што живееле некогаш. Го гледам сиот тој потенцијал и гледам залудно трошење на истиот. По ѓаволите, цела една генерација работи на бензинска, како келнери, како робови на корпоративната индустрија.

Маркетингот нè тера да посакуваме автомобили и облека, да работиме работи што ги мразиме со цел да ги купиме срањата кои не ни се потребни. Ние сме средните деца на историјата човеку, без цел и место, немаме Голема војна, немаме Голема депресија, нашата голема војна е духовна, нашата голема депресија се нашите животи, израснатите сме со телевизија и верувањето дека еден ден сите ќе бидеме милионери или филмски богови и рок ѕвезди, но нема да бидеме тоа и полека го учиме ова.

И сме многу, многу бесни. Работите што ги поседуваш на крајот те поседуваат тебе. Ова е твојот живот и завршува со секој изминат миг“.

Kultni-filmski-citati-koi-ke-ve-naucat-na-zivotni-lekcii (5).jpg

The Prestige (2006)

„Сега сакате да ја откриете тајната. Но нема да ја пронајдете бидејќи, секако, не гледате. Не сакате вистински да ја откриете. Сакате да бидете залажани“.

„Единствените граници на развојот на науката се оние кои ги наметнува општеството“.

„Првиот пат кога сакав да го променам светот, ме поздравија како визионер. Вториот пат, бев учтиво замолен да се пензионирам“.

Kultni-filmski-citati-koi-ke-ve-naucat-na-zivotni-lekcii (1).jpg

The Pianist (2002)

„Лажењето е најлошото од сите зла. Сè што е ѓаволско доаѓа од него“.

„Човештвото е изгледа проколнато да прави повеќе зло отколку добро. Најголемиот идеал на земјата е човечката љубов“.

„Доколку нè прободеш, не крвавиме? Доколку нè скокотнеш, зарем не се смееме? Ако нè отруеш, зарем нема да умреме? Доколку ни погрешиш, нема ли да се одмаздиме?

Kultni-filmski-citati-koi-ke-ve-naucat-na-zivotni-lekcii (2).jpg

Продолжуваат на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg