По разводот со Том Круз, Кејти Холмс 5 години ја криеше врската: 10 факти за нејзината романса
За врската на Кејти Холмс и Џејми Фокс се вели дека е најприватната врска во Холивуд, а тие дури неодамна почнаа да се појавуваат јавно држејќи се за рака.
Љубовната романса на Кејти Холмс и Том Круз, како и раѓањето на нивната ќерка Сури беше во фокусот на јавноста.
Но, откако парот се разведе во 2012 година, Кејти исчезна од пред очите на јавноста.
Таа одлучи наместо на нејзината работа како актер, да се фокусира на работата како продуцент и режисер и тивко да живее со ќерка си Сури во Њујорк. Но, од минатата година почнаа да осамуваат информации за нејзината врска со Џејми Фокс, со кого всушност тајно се состанувала 5 години.
Минатата година таа конечно излезе држејќи се за рака со Фокс.
Инаку имаше гласини дека Кејти потпишала договор со Том дека 5 години по разводот нема јавно да се појавува со друг маж, плус дека имала проблем со скиентолошката црква од која Том е дел.
Факти за најприватната врска во Холивуд:
Кејти и Фокс ја започнале врската во 2013 година, една година откако Кејти се разведе од Том Круз. Инаку се познавале од 2006 година (на фотографијата се тројцата, уште кога Кејти и Том беа во брак).
Таа му беше гостинка на Фокс на 48-от роденден во Њујорк во 2015 година.
Во март 2016 тие беа забележани како носат свадбени прстени и почнаа гласини дека се свршени или венчани.
Кога во 2016 година излезе информација дека на забава биле видени како танцуваат прегрнати, тие комплетно се повлекоа.
Уште 5 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





