„Оној кој е пријател на сите не е пријател на никого“ - Најубавите цитати за пријателство

Човекот е општествено битие кое има потреба да биде во контакт со други луѓе. Секој ги бира пријателите според себе, своите навики, перцепции и мисли. 

Nekoi od najubavite citati za prijatelstvoto 01

Вистинското и искреното пријателство не познава љубомора и себичност. Пријателската љубов е несебична, реципрочна и никогаш не запира.

Вашиот пријател секогаш ќе ве разбере, кога никој друг нема да биде во состојба, ќе ве почитува и ќе ве сака засекогаш.

Прочитајте ги овие цитати за пријателството и уште еднаш потсетете се на тоа колку ви се важни вашите пријатели.

„Нема ништо подобро од пријател, освен пријател со чоколадо“. Линда Грејсон.

„Пријателството е родено во моментот кога еден човек ќе му каже на другиот: „Што? И ти? Мислев дека сум единствениот!"- К.С. Луис.

„Ниту едно пријателство не е случајно.“ О. Хенри, Heart of the West.

„Претпочитувам да одам со пријателот низ мракот, отколку сама низ светлината!“ Хелен Келер.

„Единствениот начин да стекнеш пријател е да бидеш пријател.“ Ралф Валдо Емерсон.

„Само вистинскиот пријател е толку искрен.“ Шрек.

„Оној кој е пријател на сите не е пријател на никого.“ Аристотел.

Nekoi od najubavite citati za prijatelstvoto 02

„Повеќе треба да се плашите од неискрен и лош пријател, отколку од див ѕвер; дивиот ѕвер можеби ќе го рани вашето тело, но лошиот пријател ќе го рани вашиот ум.“ Буда.

„Бидете учтиви со сите, но бидете интимни со неколкумина што добро ги познавате.“ Џорџ Вашингтон.

„Најтешко е да се објасни пријателството. Тоа не е нешто што се учи на училиште. Но ако не сте го научиле значењето на пријателството, навистина не сте научиле ништо.“ Мухамед Али.

„Пријател е оној кој те познава, оној кој разбира низ што си поминал, го прифаќа она што си станал и сè уште ти дозволува да растеш.“ Вилијам Шекспир.

Nekoi od najubavite citati za prijatelstvoto 03

„Стариот пријател е најдоброто огледало.“  Џорџ Херберт.

„Зарем не го уништувам непријателот кога го претворам во пријател?“ Абрахам Линколн.

„Секој може да сочувствува со страдањата на пријателите, но потребна е посебна особина да сочувствувате со успехот на вашиот пријател.“ Оскар Вајлд.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg