„Додека вистината да ги обуе чевлите, лагата веќе го пропатувалa половина свет“ - Што рекле познатите за лажењето?

Не ми е криво што ме лажеш, криво ми е што мислиш дека ти верувам, е една од изреките коишто најчесто ги слушаме помеѓу луѓето. Велат дека на лагата ѝ се кратки нозете, но некои луѓе успеваат целиот живот да го поминат со лаги и на некој чудесен начин на крајот успеваат да си поверуваат во истите.

Sto-rekle-poznatite-za-lazenjeto-01.jpg

Прочитајте што рекле познатите личности за лагите и лажењето:

1. „Ако за тебе се зборува лошо и ако е тоа вистина, поправи се, но ако тоа е лага, смеј се.“ – Епиктет

2. „Оној кој нема добро памтење не треба да се впушта во лажење.“ – Мишел Екем де Монтањ

3. „Многумина од лажењето и измамите направија занает лажејќи го наивниот народ“ – Леонардо да Винчи

4. „Да не заборавиме дека насилството не живее само, дека е неспособно да живее само: тоа е интимно поврзано со лагата. Насилството го наоѓа своето единствено прибежиште во лагата, а лагата својата единствена поддршка во насилството. Секој човек кој го избрал насилството како средство несомнено мора да ја избере и лагата како правило.“ – Александар Солжењицин

5. „Додека вистината да ги обуе чевлите, лагата веќе го пропатувала половина свет.“ – Марк Твен

6. „Лажливците главно сакаат да се фалат кога ќе сфатат дека нема никој којшто може да им смета во тоа.“ – Езоп

7. „Не смее да се употреби никаква лага, дури ни за доброто на земјата.“ – Махатма Ганди

8. „Пристојноста понекогаш изискува лага.“ – Максим Горки

9. „Судбина на лажливците е да не им се верува и кога ја зборуваат вистината.“ – Аристотел

10. „Крадецот почнува така што прикажува како лагата наликува на вистината, а завршува така што прикажува како вистината наликува на лага.“ – Оноре де Балзак

11. „Лагата е како топка снег. Колку подолго се тркала, толку поголема станува, но кога ќе застане ќе се растопи.“ – Мартин Лутер Кинг

13. „Лагите не мамат долго.“ – Софокле

14. „Оној што сам себе се лаже и ги слуша своите лаги, ќе стигне до таму да веќе нема да ги познае вистините ниту во себе, ниту околу себе, туку следствено ќе престане да се почитува себе и другите.“ – Фјодор Михајловиќ Достоевски

15. „Лагата којашто се изговара премногу често станува вистина.“ – Владимир Илич Ленин

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава