Најдоброто од Меша Селимовиќ: „Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе“


Најдоброто од Меша Селимовиќ: „Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе“

Меша Селимовиќ е роден во Тузла во 1910 година. По завршувањето на студиите на Филозофскиот факултет во Белград, до почетокот на Втората светска војна, работел како професор во средно училиште во родниот град. 

Vaka zboruval Mesa Selimovic Znaes sto e najubavo vo zivotot Zelbata prijatele 01

Најголемиот успех го постигнал со неговиот роман „Дервиш и Смрт“ (1966). Овој роман е добитник на големи национални награди за литература.

Селимовиќ починал во Белград во 1982 година, оставајќи зад себе неколку добри дела, мудрост и поуки.

Ова се неколку најубави цитати од неговите дела:

„Одиме без причина, се радуваме без причина, се смееме без причина, со една единствена причина, бидејќи сме живи и се сакаме. А каде ќе пронајдеш поголема причина“.

„Најголемата мудрост во животот е да се пронајде вистинската лудост“.

„Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе“.

„Животот не е ни е наклонет, и сами создаваме своја мала заедница, свој мал универзум“.

„Илјада пати се каеме за она што го кажуваме, но многу ретко за она што го премолчуваме“.

Vaka zboruval Mesa Selimovic Znaes sto e najubavo vo zivotot Zelbata prijatele 02

„Што би му советувал на оној кому му посакуваш добро? Со своето мислење да не се истакнува меѓу луѓето со кои живее. Затоа што така е оневозможен пред да направи нешто.“

„Кога ми е тешко, бегам во самотија; кога ми е уште потешко, барам добри луѓе“.

„Не сакаш да пречиш, не сакаш кога некој криво те гледа, не сакаш некој да ти каже лош збор. Тогаш, како мислиш да живееш?“

„Изгледа дека постојат луѓе, иако се ретки, на кои ни болката ни мислата не им ја уништуваат ведрината и едноставноста. Дури ги прават и подобри. Не знам како го постигнуваат тоа, но би сакал да дознаам.“

Vaka zboruval Mesa Selimovic Znaes sto e najubavo vo zivotot Zelbata prijatele 03

„Секоја неправда е еднаква, но оној кому му е направена мисли дека е најголема. А, ако така му се чини, тогаш е тоа така, бидејќи човек не може да мисли со туѓа глава.“

„Никој не може да му натовари толкава мака колку што човек може да си натовари сам на себе“.

„Смешното и страшното можат да бидат роднини.“

„Човечката надеж е посилна од искуството, но може да го поколеба туѓиот неуспех.“

„Сонот е она што го сакаме, а животот е будење.“

Vaka zboruval Mesa Selimovic Znaes sto e najubavo vo zivotot Zelbata prijatele 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не чувај ништо за специјална пригода, таа пригода е ДЕНЕС“ – моќни жи... Американската новинарка Реџина Брет стекна неверојатна популарност, иако има нап...
На 9 години – прва слика, на 13 – примен на факултет: Интересни факти ... Неспорно е дека Пабло Пикасо е еден од најважните уметници на 20 век, најдобро п...
Чуден однос со Мајкл Џексон, дрога: 10 мрачни факти за животот на Меко... Татко му го злоупотребувал психички и физички, чувствувал огромен притисок како ...