Одри Хепберн јадела лалиња – Факти за старите холивудски актери кои звучат нереално

Го замислуваме животот на холивудските филмски sвезди како гламурозен и привилегиран. Но истиот понекогаш може да биде толку чуден и бизарен, што повеќе потсетува на сценарио на некој филм. 

Neverojatni fakti za starite holivudski akteri vo koi nema da veruvate 01

Ова се неколку неверојатни, но вистински факти за познатите актери на старата ера, во кои нема да верувате:

Дали Ширли Темпл навистина била дете?

Многумина се прашувале дали Ширли Темпл навистина била дете, бидејќи никој не можел да верува дека една млада девојка може да биде толку талентирана за глума, танцување и пеење.

Поради ова била популарна теоријата дека Темпл, всушност, не била дете, туку џуџе. Наводно поради оваа теорија бил ангажиран и Ватикан да го испита случајот.

Силвио Масанте, кој бил испратен од Ватикан, требало да испита дали Ширли е навистина дете.

Одри Хепберн јадела лалиња

За да го преживее гладот за време на германската инвазија на Холандија, за време на Втората светска војна, Одри јадела лалиња и коприви. Во тоа време била висока 1,67 и тежела само 40 килограми.

Покрај тоа, страдала и од жолтица. Подоцна страдала од анемија, најверојатно заради овој тежок период за време на војната.

Neverojatni fakti za starite holivudski akteri vo koi nema da veruvate 02

Елизабет Тејлор му го спасила животот на Монтгомери Клиф

После грозоморната сообраќајна несреќа во која Монтгомери Клиф бил сериозно повреден, прва му помогнала неговата колешка и пријателка, Елизабет Тејлор. Неговата глава била толку отечена што станала широка како неговите рамена.

Бидејќи тешко зборувал, Тејлор сфатила дека се гуши, поради скршените заби, поради што му ги извлекла од душникот. Брзата помош пристигнала 45 минути подоцна.

Грета Гарбо сакала да го застрела Хитлер

Грета Гарбо му била омилената актерка на Адолф Хитлер. Тој честопати ја поканувал да го посети во Германија, но Грета го презирала. Таа изјавила дека ако некогаш отиде да го види, ќе извлече пиштол од чантата и ќе го убие.

Neverojatni fakti za starite holivudski akteri vo koi nema da veruvate 03

Џејмс Дин бил против брзото возење

Само еден месец пред да загине во сообраќајна несреќа, талентираниот, млад актер снимил реклама во која ги поттикнувал младите да внимаваат на сообраќајот, да се придржуваат кон прописите и да возат побавно.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg