33 цитати на Илон Маск кои ќе ве убедат дека е возможно да ги допрете ѕвездите


33 цитати на Илон Маск кои ќе ве убедат дека е возможно да ги допрете ѕвездите

 Од прославувањето на електричните автомобили, па сè до обиди да се колонизира Марс, изгледа дека Илон сака невозможното да го направи возможно.

33-citati-na-ilon-mask-koi-kje-ve-ubedat-deka-e-vozmozhno-da-gi-doprete-dzvezdite-01.jpg

Па, не е ни чудно што покрај тоа што е бизнисмен, Илон има база на фанови како вистинска рок ѕвезда. Работите што ги кажува и прави се инспирација за многумина, а доколку денес ви е потребна и вам, прочитајте некои од неговите најдобри цитати.

„Првиот чекор е да одредите дека нешто е возможно, а потоа ќе се појави веројатноста да стане реално.“

„Кога нешто е доволно важно, ќе го направите, дури и кога шансите не се на ваша страна.“

„Ако ви требаат инспиративни зборови, не правете го планираното.“

„Ако се разбудите наутро и помислите дека иднината ќе биде подобра, тоа е убав ден. Во спротивно не е.“

„Истрајноста е многу важна. Не треба да се откажете, освен ако не ве присилат да се откажете.“

33-citati-od-ilon-mask-shto-kje-ve-ubedat-deka-e-vozmozhno-da-gi-doprete-dzvezdite-03.jpg

„Некои луѓе не сакаат промена, но треба да ја прифатите промената ако алтернативата е катастрофа.“

„Трпеливоста е доблест, а јас учам трпеливост. Лекцијата е навистина тешка.“

„Неуспехот е опција овде. Ако нештата не се неуспешни, тогаш не работите доволно.“

„Доколку правилата не ви дозволуваат да напреднете, тогаш треба да се борите против правилата.“

„Мислам дека ова е најдобриот совет: Постојано мислете како можете да ги направите нештата подобро и преиспитувајте се.“

33-citati-od-ilon-mask-shto-kje-ve-ubedat-deka-e-vozmozhno-da-gi-doprete-dzvezdite-04 (2).jpg

„Компанијата е група организирана со цел да направи продукт или да понуди улога, па добра е само колку луѓето во неа и нивната возбуда за креирање.“

„Мислам дека е возможно обичните луѓе дa одберат да бидат необични.“

„Би сакал да умрам на Марс. Само не за време на слетување.“

„Штом ќе го сфатите прашањето, одговорот е релативно лесен.“

„Морате да се наполните после бомбардирањето.“

33-citati-od-ilon-mask-shto-kje-ve-ubedat-deka-e-vozmozhno-da-gi-doprete-dzvezdite-04.jpg

„Секој треба да се обиде да го направи светот подобро место, бидејќи универзумот нема смисла.“

„Почнав да ја читам енциклопедијата Британика. Тоа навистина ми помогна. Не знаете што не знаете. Ќе сфатите дека надвор има толку многу нешта.“

„Во ред е да имате јајца во една кошница, сè додека контролирате што се случува со таа кошница.“

„Луѓето треба да ја следат нивната страст. Тоа ќе ги направи посреќно од што било друго.“

„Талентот е особено важен. Исто како и спортски тим, тимот што го има најдобриот индивидуален играч често ќе победи, но постои предност од заедничкото работење на тие играчи и стратегијата што ќе ја развијат.“

33-citati-od-ilon-mask-shto-kje-ve-ubedat-deka-e-vozmozhno-da-gi-doprete-dzvezdite-05.jpg

„Навистина обрнувајте внимание на негативните коментари и послушајте ги, особено од пријателите. Речиси никој не го прави ова, а е навистина од помош.“

„Ако сакате да направите компанија, тоа е како да правите торта. Треба да ги имате сите состојки, во вистинската количина.“

„Кога некој има револуционерна иновација, тоа ретко е едно мало нешто. Многу ретко тоа е само едно мало нешто. Најчесто тоа се многу разни нешта кои заедно ја сочинуваат големата иновација.“

„Не треба да ги правите нештата поразлично само за да бидат различни. Нештата треба да бидат подобри.“

„Секогаш имам оптимизам, но реалист сум. Не ги започнав Tesla или SpaceX со очекувања за голем успех. Ги направив само затоа што мислев дека се доволно важни.“

33-citati-od-ilon-mask-shto-kje-ve-ubedat-deka-e-vozmozhno-da-gi-doprete-dzvezdite-06.jpg

„Многу е важно да ви се допаѓаат луѓето со коишто работите, во спротивно животот и вашата работа ќе бидат навистина мизерни.“

„Можам или да гледам како се случува нешто, или да бидам дел од него.“

„Верувам дека постои некое објаснување за овој универзум, нешто што вие можеби го нарекувате Бог.“

„Подобро ќе бидам оптимист и ќе погрешам, наместо песимист кој е во право.“

„Постојано размислувајте за тоа како можете да ги направите нештата подобро. Продолжете да се преиспитувате.“

33-citati-od-ilon-mask-shto-kje-ve-ubedat-deka-e-vozmozhno-da-gi-doprete-dzvezdite-07.jpg

„Не плашете се од нови арени.“

„Треба да бидете навистина мотивирани за да направите нешто. Во спротивно само ќе се чувствувате мизерно.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за оние кои сакаат да научат нешто ново Следниве факти не се од суштинско значење за вашето образование, но ќе ви се нај...
Цитати за смирување и охрабрување: 20 реченици кои секогаш ќе ви помог... Верувајте му ја својот инстинкт. Кога внатрешното чувство ве скокотка или боцка,...
Океаните се сини поради сонцето и уште 6 интересни факти за океаните Без вода нема живот, но колку навистина знаеме кога се океаните во прашање? Пост...