95% од населението се мажи и уште 14 неверојатни факти за Ватикан

Ватикан е најмалата држава во светот, се наоѓа во Рим и се протега на површина од 44 хектари.

95%-od-naselenieto-se-mazhi-i-ushte-14-neverojatni-fakti-za-vatikan-01.jpg

Во Ватикан живеат само 799 луѓе, но годишно го посетуваат околу 5 милиони туристи.

Ватикан е навистина уникатно и необично место, а тоа ќе ви го докажат следниве факти:

95% од населението се мажи

Населението во Ватикан главно го сочинуваат свештеници и војската (Швајцарската гарда). 95% од вкупното население се мажи, а останатите се сопругите и децата на војниците од Швајцарската гарда.

95%-od-naselenieto-se-mazhi-i-ushte-14-neverojatni-fakti-za-vatikan-02.jpg

Државјанството е привремено

Државјанството го издава Ватикан. Пасошот број 1 најчесто му припаѓа на папата, кој не смее да има друго државјанство освен тоа.

Сепак, постојат исклучоци. Папата Френсис го зачува неговото аргентинско државјанство (пасошот и личната карта на фотографијата), а и папата Бенедикт го направи истото.

Државјанство можат да земат вработените во државата и нивното семејство. Ватиканските пасоши се исти како дипломатските и, се разбира, ги има многу малку.

Децата го губат државјанството кога ќе наполнат 18 години, или кога ќе го изгубат нивните родители.

95%-od-naselenieto-se-mazhi-i-ushte-14-neverojatni-fakti-za-vatikan-03.jpg

Целиот град е заштитен од УНЕСКО

Ватикан е единствената држава чија цела територија е под заштита на УНЕСКО.

95%-od-naselenieto-se-mazhi-i-ushte-14-neverojatni-fakti-za-vatikan-04.jpg

Чистење мурали и забрана за фотографии во Систинската капела

Поголемиот дел од туристите доаѓаат во Ватикан за неверојатната Систинска капела. Во капелата е забрането да правите фотографии и додека сте внатре, можете само да шепотите.

Постови и работна позиција, чистач на мурали на Систинската капела, која прв пат се појавила во 1543-та година. Муралите почнале да паѓаат поради појавата на пукнатини и се реставрирани неколку пати.

Последната реставрација била направена пред околу 25 години и за неа биле потрошени 4,2 милиони долари.

95%-od-naselenieto-se-mazhi-i-ushte-14-neverojatni-fakti-za-vatikan-05.jpg

На Велики петок можете да го видите папата легнат пред олтарот

На Велики петок се одржуваат неколку црквени церемонии во Ватикан, од кои една e Патот на Исус. Најпрво папата, облечен во црвена мантија, легнува пред олтарот со лицето свртено надолу. Зад него коленичат свештениците и сите на глас кажуваат молитва за Велики петок.

95%-od-naselenieto-se-mazhi-i-ushte-14-neverojatni-fakti-za-vatikan-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg