„Ако имаш млада жена и старо вино, секогаш ќе имаш многу гости“ - најдобрите германски народни поговорки
Поговорка или пословица е вид на израз кој има структура на реченица и предава некоја порака. Не постои посебен автор кој ги измислил поговорките, тие имаат колективен автор – народот или заедницата.
Прочитајте ги најдобрите поговорки на германскиот народ:
1. Не можеш секој ден да направиш некое големо дело, но затоа можеш да бидеш постојано добар.
2. Ако имаш млада жена и старо вино, секогаш ќе имаш многу гости.
3. Ако почитта се купува со пари, таа трае додека има пари.
4. Онаму каде што се сее љубов, се жнее радост.
5. Стравот го прави волкот поопасен отколку што е
6. Богатиот го носи мозокот во џебот.
7. Старата метла добро го познава секое ќоше.
8. Изгубеното пријателство значи добиено непријателство.
9. Оној што сака да учи, секаде ќе најде школо.
10. Љубовните рани може да ги излекува само оној што ги нанел.
11. Малите непријатели и малите рани не треба да се потценуваат.
12. Чувај се од оној што е дарежлив со туѓото кесе.
13. Најубавите цветови често пати немаат мирис.
14. Не е доволно само да се посади љубов, треба и да се залева.
15. Зборувај, да видам кој си.
16. Вљубените имаат да кажат многу работи, но секогаш е едно исто.
17. Не барај од некого нешто што ни самиот не си подготвен да го дадеш.
18. Оној што има среќа не му е потребен ум, оној што има ум потребна му е среќа.
19. Ретко успева љубовта што ја управува разумот.
20. Оној што се плаши да работи многу, секогаш работи премалку.
21. Кој се двоуми, веќе изгубил половина битка.
22. Кој сака да стигне далеку, мора да стане рано.
23. Нема поголема загуба од човекот што се изгубил самиот себе.
24. Долговите, староста и смртта незабележително се вовлекуваат во куќата.
25. Ако не сакаш да задоцниш, не ги чекај оние кои одат зад тебе и немој да ги бркаш оние кои одат пред тебе.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





