Менувањето на часовникот влијае врз луѓето - Интересни факти за зимското и летното сметање на времето

Овој викенд, односно на полноќ помеѓу 27 и 28 октомври започнува зимското сметање на времето. Ова значи дека ноќта, сабота кон недела, стрелките нa часовникот ќе се поместат еден час назад.

menuvanjeto-na-chasovnikot-vlijae-vrz-lugjeto-interesni-fakti-za-zimskoto-i-letnoto-smetanje-na-vremeto-01.jpg

Додека сите знаат за зимското и летното сметање на времето, на малкумина им се познати овие интересни факти:

Сонце и политика

Зимското сметање на времето е „природно“ и според сонцето. Летното, пак, е договорено правило за поместување на часовниците, така што попладне има повеќе дневна светлина, а утрата се пократки.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983-та година. Од 1996-та година, летното сметање е регулирано со закон.

Некои држави не го поместуваат часовникот

Русија, Кина, Индија, дел од Јужна Америка и Јужноафриканската Република никогаш не ги поместуваат стрелките на часовникот. Овие држави секогаш го следат зимското, односно природното сметање на времето.

menuvanjeto-na-chasovnikot-vlijae-vrz-lugjeto-interesni-fakti-za-zimskoto-i-letnoto-smetanje-na-vremeto-02.jpg

Играње со времето

Пред 8 години, Руската Федерација одлучни трајно да остане со летно сметање на времето. Но, оваа одлука не траела долго.

Во 2014-та година, во Русија се изгласало трајно да се користи зимското сметање.

Контроверзии за влијание врз здравјето

Кога се поместуваат стрелките на часовникот, понапред или поназад, многу луѓе се жалат дека не се чувствуваат добро. Многу луѓе изјавиле дека се чувствуваат уморно и дека им се менува расположението.

Но, медицината се нема посериозно насочено кон оваа тема. Сепак, постојат некои истражувања кои потврдиле дека на организмот му се потребни 15-тина дена за да се адаптира на промената.

Во секој случај, лекарите тврдат дека поместувањето на часовникот има влијание врз луѓето, но многу мало.

menuvanjeto-na-chasovnikot-vlijae-vrz-lugjeto-interesni-fakti-za-zimskoto-i-letnoto-smetanje-na-vremeto-03.jpg

Смртни случаи

Во септември 1999-та година, Западниот Брег сè уште го следел летното сметање на времето, додека во Израел часовниците бие поместени еден час назад.

Терористите од Западниот Брег направиле темпирани бомби, кои ги шверцувале во Израел. Но, бидејќи не знаеле за промената на времето, бомбите експлодирале еден час порано, и тоа додека уште ги поставувале.

Во експлозијата загинале тројцата терористи, кои планирале да убијат 2.000 луѓе.

Историја

Американскиот научник и политичар Бенџамин Френклин бил првиот кој го предложил поместувањето на часовникот, и тоа во 18-тиот век. Идејата била поефикасно да се искористи денот.

Првата држава што го прифатила ова била Канада.

Во Европа, првата држава што ја прифатила промената била Германија, а по неа Франција, Велика Британија и Австро-Унгарија, и тоа за да заштедат енергија за време на Првата светска војна.

Во 70-тите, кога за време на енергетската криза пораснала цената на нафтата, одделни држави поново го прифатиле летното сметање на времето. Причината била да заштедат повеќе пари.

А колку всушност заштедиле, не е точно познато.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...

Најчитани неделава