Не знаел кои се Кардашијан, за шминка наплаќал 25 долари - Факти за Марио Дедивановиќ, шминкерот на Ким
Кога почнал да работи како шминкер, наплаќал само 25 долари (1.380 денари), за малку ќе одбиел да соработува со Ким Кардашијан, по потекло е од Албанија и Црна Гора, а сега живее во Њујорк во луксузен дом и заработува милиони - што треба да знаете за Марио Дедивановиќ, шминкерот на Ким?
Марио Дедивановиќ е човекот кој успева со шминка да направи магија на женското лице, а се прослави како шминкер на Ким Кардашијан.
Тој отсекогаш бил фасциниран од индустријата за убавина, па уште од млади години се впуштил во овие води.
Со Ким се запознал во 2008-ма, а тој е заслужен за речиси секој нејзин добро запаметен изглед. Има огромен број на фанови ширум светот и многумина му се восхитуваат на работата.
Во продолжение неколку факти за шминкерот кој се прослави со Ким Кардашијан:
1. Работел како консултант за парфеми во Sephora, а посакал да работи таму уште на прво влегување. Првично, не го примиле, но успеал да го најде бројот на претставништвото во Париз и се јавил таму, па за 2 недели го вработиле, а токму таму се вљубил во шминката и од таму почнува приказната.
2. За малку ќе одбиел да работи за Ким бидејќи имал други ангажмани, кога таа уште не била популарна и тој не ја знаел, бидејќи само што почнувала првата сезона на шоуто, но за среќа - прифатил и сега е таму каде што е.
3. Сo Ким се запознале во 2008-ма и оттогаш тој е „раката зад секој нејзин впечатлив изглед“, премногу се блиски и редовно споделуваат заеднички фотки од „работна атмосфера“.
4. Пред да стане шминкер, отсекогаш сакал да биде професор, па кога сфатил дека многу луѓе сакаат да ги повторуваат неговите техники, почнал да дава обуки за шминкање.
5. Првиот туторијал за шминкање со Ким Кардашијан е уште достапен, па може да погледнете кои биле техниките со кои ја шминкал Ким во тоа време:
6. Од страната на неговата мајка, потекнува од Црна Гора, а за него таа е сè во животот. Таа одгледувала овци, не е образована и никогаш не ѝ било дозволено да става шминка, па во животот на нејзиното лице нема ставено грам шминка. Но, и покрај тоа, Марио вели дека таа го научила на внатрешната убавина, што е многу поважно, а сè што прави тој, е за да ја направи горда неговата мајка.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





