30 интересни психолошки факти кои објаснуваат зошто сме такви какви што сме

Дали некогаш сте се запрашале зошто се чувствувате онака како што се чувствувате или пак што зошто ги правите работите кои ги правите? 

30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-sme-takvi-kakvi-shto-sme 01 630x340.jpg

Начинот на кој функционира вашиот ум има многу врска со она што сте во суштина и со работите кои ги правите.

Неверојатно е како секој уникатен ум, на одредено ниво, функционира навистина слично.

Во продолжение ви приложуваме 30 факти за нашата психа кои се јасен показател зошто нештата ни се случуваат онака како што се случуваат и зошто реагираме вака или онака на истите.

1. Типот на музика што ја слушаме влијае на начинот на кој го согледуваме светот.

2. Aко ги споделиме своите цели со другите, веројатноста дека ќе успееме значително се намалува. Студиите потврдуваат дека ја губиме нашата мотивација.

3. Последната личност на која ќе се сетиме пред да заспиеме е причината за нашата среќа или пак причината за нашата тага.

4. Возможно е да се умре од ,,скршено срце’’. Поинаку се нарекува стресна кардиомиопатија.

5. 90% од луѓето испраќаат пораки за работи кои не можат да ги изговорат лично.

6. Нашата одлука е порационална кога ја размислуваме на друг јазик.

7. Луѓето на возраст меѓу 18 и 33 години се подлежни на најмногу стрес. По 33-годишна возраст, нивото на стрес има тенденција да се намали.

8. Пеењето ги намалува шансите за депресија и анксиозност.

9. Нашите срца немаат никаква врска со чувството да се биде заљубен. Тоа е само хемиска реакција на мозокот.

10. Психолошки докажано, потребни се само 4 минути за да се заљубиме.

11. Дури 98% од луѓето велат дека кога некој ќе им рече дека треба да ги праша нешто, тие се сеќаваат на сите лоши работи што ги направиле неодамна.

12. Ниедно слепо лице никогаш не боледувало од шизофренија.

13. Комичарите и смешните луѓе се всушност повеќе депресивни од другите.

14. Кога некој рони солзи радосници, првата солза секогаш доаѓа од десното око, додека пак солзата од тага, од левото око. 

15. Кога сте сингл, сѐ што гледате се среќни парови, а кога не сте, им заведувате на луѓето кои се среќни поради својата слобода.

30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-objasnuvaat-zoshto-sme-takvi-kakvi-shto-sme 02 630x400.jpg

16. Постои ген што може да предизвика да бидете негативни поголемиот дел од времето.

17. Должина на јазикот е поврзана со вашата сексуална љубопитност. Оние што можат да ги допрат лактите со усните, се повеќе спремни кон испробувување на нови искуства.

18. Саркастичните луѓе честопати се добри во читање туѓи умови.

19. Начинот на облекување е поврзан со вашето расположение, така што тоа ни помага да бидеме посреќни.

20. Глумењето безгрижност е навика на некој што генерално постојано се грижи.

21. Лицето кое се обидува да ги усреќи сите околу него, речиси секогаш се чувствува најосамено.

22. Добрите лажговци се подобри во откривањето на туѓите лаги.

23. Чоколадото и шопингот создаваат зависност дури повеќе и од ЛСД и хероин.

24. Луѓето кои многу се колнат имаат тенденција да бидат повеќе лојални, отворени и искрени со своите пријатели.

25. Можеме да запомниме само 3 до 4 работи истовремено.

26. Паметните луѓе се потценуваат себеси. Оние неуките сметаат дека се брилијантни.

27. Некои од нас всушност се плашат од помислата да бидат премногу среќни поради стравот дека им следува нешто трагично.

28. Научниците сметаат дека повеќето луѓе кои вознемируваат на интернет се нарцистички, садистички и психопатично настроени по природа.

29. Околу 80% од луѓето ја користат музиката како бегство од сите негативни работи во животот.

30. 70% од нашите соништа содржат скриени пораки. Тие носат поголема тежина и значење отколку нашите свесни мисли.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...
„Некои луѓе зборуваат премногу, а кажуваат премалку“: 10 цитати кои ќе им се допаднат на тивките луѓ... „Ефикасноста на дело е како сексот. Или го правите и не зборувате за тоа или збо...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg