„Размислувањетo ја убива креативноста“ - Цитати што ќе ве инспирираат
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Готвач 20-02-2020
Продавач 20-02-2020


„Размислувањетo ја убива креативноста“ - Цитати што ќе ве инспирираат

Ако се занимавате со работа или хоби каде треба да ја покажете вашата креативност, ќе сакате да ги прочитате овие цитати на познати личности за овој ментален процес.

razmisluvanjeto-ja-ubiva-kreativnosta-citati-za-kreativnosta-shto-kje-ve-inspirriaat-01.jpg

За креативноста зборувале Алберт Ајнштајн, Џек Лондон, Донатела Версаче и многу други познати личности од разни области.

Ова се 8 цитати за креативноста што вистински ќе ве инспирираат:

„Креативноста е интелигенција што се забавува.“ - Алберт Ајнштајн

„Креативноста е поврзување на нештата. Кога ги прашувате креативните луѓе како направиле нешто, тие чувствуваат вина затоа што не направиле ништо, туку само согледале нешто. По некое време, им станало очигледно.“ - Стив Џобс

„Креативноста доаѓа од судир на идеи.“ - Донатела Версаче

razmisluvanjeto-ja-ubiva-kreativnosta-citati-za-kreativnosta-shto-kje-ve-inspirriaat-03.jpg

„Да се биде креативен не е исто како да се биде различен. Секој може да биде чуден; тоа е лесно. Тешко е да се биде едноставен, како Бах. Ако успеете да го направите тоа, одлично, тоа е креативност.“ - Чарлс Мингус

„Не можете да ја чекате инспирацијата. Мора да ја бркате со стап.“ - Џек Лондон

razmisluvanjeto-ja-ubiva-kreativnosta-citati-za-kreativnosta-shto-kje-ve-inspirriaat-04.jpg

 „Ако сакате креативни работници, дајте им многу време за игра.“ - Џон Клиз

 „Не размислувај премногу. Размислувањето е непријателот на креативноста.“ - Реј Бредбери

razmisluvanjeto-ja-ubiva-kreativnosta-citati-za-kreativnosta-shto-kje-ve-inspirriaat-02.jpg

 „Креативноста е дрога без која не можам да живеам.“ - Сесил Б. Демил

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати за негативните луѓе „На негативните луѓе драмата им е како кислород. Останете позитивни, ќе им го од...
10 цитати што ќе ве подигнат и во најтешкиот ден од животот Запомнете дека во ред е да побарате помош, во ред е да почнете одново, во ред е ...
Најубавите цитати на Маја Анџелоу: Бидете виножитото во нечии облаци Таа е жена-борец во вистинска смисла, која ги рашири своите крилја за да го прег...