„Не сакам да бидам следниот Мајкл Џордан, сакам да сум исклучиво Коби Брајант“ - најдобрите цитати на кошаркарската легенда

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари, 2020 година. Имаше само 41 година. Меѓу петмината загинати заедно со него беше и неговата 13-годишна ќеркичка Џиана.

Najdobrite-citati-na-Kobi-Brajant-001.jpg

Светот е во неверување за огромната трагедија. Полека се збогуваме со еден од најомилените кошаркари на сите времиња, вистинска ѕвезда, интелигентен и достоинствен играч, со неверојатна работна етика, посветеност и фокус.

Каков човек беше всушност големиот Коби Брајант, најдобро отсликуваат цитатите искажани во повеќе пригоди:

Она што го гледаат луѓето на теренот не сум јас, туку мојата друга страна.

Единствената работа којашто мора да ја знаете за мене е дека немам цензура кога се работи за давање мислење. Навистина немам проблем да го кажам точно она што го мислам за некоја личност.

Најважната работа е да се потрудите да ги инспирирате луѓето да бидат најдобри во она што го работат.

Јас сум тука, јас не одам никаде. Без оглед на тежината на повредата – освен доколку е целосно онеспособувачка, ќе бидам истиот играч којшто сум бил отсекогаш. Ќе пронајдам начин за го сторам тоа. Ќе направам некои модификации, некакви промени, но јас и понатаму ќе играм.

Се сомневам во себеси. Имам несигурности. Имам страв од неуспех. Се случува да влезам во салата и да си помислам: „Ме боли грбот, ме болат колената, ме болат стапалата и не можам да продолжам понатаму, само сакам да одморам малку“. Сите се сомневаме во себеси, тоа е неспорно, но тоа не значи дека треба да им се предадеме на сомнежите. Треба да ги прифатиме.

Не можам да се поврзам со мрзливи луѓе. Ние не го зборуваме истиот јазик. Не ги разбирам, ниту пак сакам да ги разберам.

Не сакам да бидам следниот Мајкл Џордан, јас сакам да бидам исклучиво Коби Брајант.

Ќе направам сè што е потребно за да го добиеме натпреварот, без разлика дали тоа вклучува седење на клупата додека мавтам со крпата, давајќи му чаша вода на својот соиграч или погодувањето на тој победнички кош.

Сите негативни работи – притисокот, предизвиците, се прилики во коишто можам да се истакнам.

Моите родители се мојата поддршка. Тие се единствените коишто подеднакво ќе ме поддржат ако освојам 0 бодови и ако освојам 40 бодови.

Доколку се плашиш од неуспех, најверојатно ќе го доживееш.

Најважната работа е да им дадеш до знаење на сите околу себе дека си сериозен. Јас не сум играч којшто ќе се појави и ќе исчезне. Тука сум за да бидам најдобриот. Еднаш си ветив себеси дека ќе станам еден од најдобрите. Оттогаш, играта ми стана сè во животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg