Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајчинство - никој не забележува што правиш цел ден затоа што нон-стоп нешто правиш...

За сите мајки кои не знаат дали ќе излезат од дома денес. За онаа мајка која се мачи да врзе барем еден час спиење. За мајката која е „прегорена“ но, сепак се смее. За сите мајки. Вие ја имате најтешката работа и верувајте, одлични сте во тоа!

 majcinstvo-nikoj-ne-zabelezuva-sto-pravis-zatoa-sto-non-stop-nesto-pravis-01.jpg

Во овие цитати кои се хумористични, но реални, сигурни сме дека ќе се пронајде секоја мајка.

Мајчинството е спремање вода, кифлички и менување пелени на вашето малечко додека вие сте дехидрирани, гладни и веројатно добро би ви дошол еден туш.

Добредојдовте во светот на мајките. Нема да спиете. Ќе се чувствувате ужасно. Ќе бидете преморени. Но, ќе бидете среќни!

Откако станав мајка, главни хобија ми се: пеглање, перење, скролање по фидот на Инстаграм, обвинување на сопругот и дремење.

Знаеш дека си мајка во моментот кога ќе си речеш „тууу 5:30 е далеку подобро од 4:00“.

Мајчинството е постојано двоумење од: „Не можам веќе да издржам ни секунда!“ до „Сакам моментов да трае засекогаш“.

Никогаш не сум сакала некое човечко суштество толку многу во животот, но, исто така, никогаш повеќе не сум се радувала кога ќе дојде 8 часот навечер.

Како се вика она кога сопругот ти недостасува цел ден, но во моментот кога ќе си дојде дома, одеднаш некако му станувате лути? Брак драги мои, брак.

Никогаш не сум се борела со алигатор, но сметам дека миењето заби на ќерка ми е еднакво на оваа борба.

majcinstvo-nikoj-ne-zabelezuva-sto-pravis-zatoa-sto-non-stop-nesto-pravis-02.jpg

Морав да се искашлам, но децата спиеја, па решив да си ја голтнам плунката бидејќи очигледно, попрво одбирам да се удавам, отколку да ги разбудам.

Мајчинство - никој не забележува што правиш цел ден затоа што го правиш постојано.

Ако не си дискутирала за твојата вагина со некого, дали воопшто си мајка?

Мајчинство – си легнуваш уморна, стануваш уште поуморна!

Сѐ што ти можеш да правиш, мајките можат да го прават со една рака и без да спијат.

Обожавам кога сопругот ќе ме праша: „каде ми се чорапите?“ и едвај чекам да му кажам „во твојата фиока со чорапи“.

Мајчинството е 50 нијанси од темни кругови под очите.

Деца – не можете да ги носите секаде, но не можете ниту да останете дома со нив.

Добредојдовте во светот на мајките! Се надевам дека сакате купови алишта, мрсна коса, умор, подочници и вљубување толку многу што срцето може да ви експлодира!

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Никола Тесла и Исак Њутн никогаш немале односи со жена: 8 чудни факти за познати научници Знаете ли дека Алберт Ајнштајн добил понуда да биде претседател на Израел? Зн...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Го обвини за силување, па се премисли: Факти за бракот (и скапиот развод) на Доналд и Ивана Трамп Се разведоа бидејќи Доналд имаше афера, а по бурниот развод кој траеше две годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg