Расистички објави, исмејување на колешките - Лошата страна на Камила Кабејо

Откако во 2012-та се формира групата Fifth Harmony, кариерата на Камила Кабејо брзо тргна во нагорна линија.

fakti-shto-ja-prikazhuvaat-kamila-kabejo-vo-losho-sveto-01.jpg

Набрзо пејачката го напушти бендот и почна соло кариера, а успесите постојано се нижеа.

Но и покрај големиот успех и многуте фанови, Камила неколкупати го привлече вниманието на јавноста со лошото однесување.

Во продолжение прочитајте неколку факти што ја прикажуваат Камила во лошо светло:

Во минатото споделила неколку расистички Tumblr објави

Во декември 2019-та, јавноста дозна за објавите на Камила на платформата Tumblr. Повеќето од објавите се од 2012 и 2013 година, кога пејачката имаше 15-тина години.

На една објава се гледа резултат од пребарување каде што пишува „Зошто Азијците го зборуваат чинг-чонг јазикот“.

Подоцна пејачката се извини за нејзиното недолично однесување на социјалните мрежи.

fakti-shto-ja-prikazhuvaat-kamila-kabejo-vo-losho-sveto-02.jpg

Украде молив од Бакингемската палата

Во ноември минатата година, Камила изјави дека украла молив од Бакингемската палата. Сепак, таа на шега го призна ова неодамна:

„Го ставив во чантата на мајка ми. Сè уште го чувам. Извини Вилијам и извини Кејт“, сподели Камила.

fakti-shto-ja-prikazhuvaat-kamila-kabejo-vo-losho-sveto-03.jpg

Беше елиминирана од X-Factor како соло артист

На почеток, Камила се натпреваруваше во втората сезона од The X-Factor како соло артист. Но, била елиминирана, а потоа добила понуда да продолжи да се натпреварува како дел од Fifth Harmony.

fakti-shto-ja-prikazhuvaat-kamila-kabejo-vo-losho-sveto-04.jpg

Изјави дека сака да ја удри Али Брук

Али Брук беше дел од Fifth Harmony, но изгледа не биле во најдобри односи со Камила.

Во 2016-та, се дозна дека Камила го исмејувала начинот на кој зборувала Али.

„Секогаш кога Али зборува, потребна ми е целата сила за да не ја удрам“, биле зборовите на Камила.

fakti-shto-ja-prikazhuvaat-kamila-kabejo-vo-losho-sveto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg