Го намалува ризикот од разни видови рак и уште 14 забавни информации за вегетаријанството

Истражувањата покажале дека кај вегетаријанците не се јавува недостаток од протеини, а притоа нивниот начин на исхрана го намалува ризикот од дијабетес, па дури и од рак.

interesni-fakti-za-vegetarijanstvoto-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-01.jpg

Вегетаријанскиот начин на исхрана станува сè попопуларен. Многу луѓе одлучуваат да се откажат од јадењето месо, некои поради нивното здравје, а некои поради љубовта кон животните.

Како и секој начин на исхрана, и вегетаријанството има свои предности и недостатоци.

Во продолжение, неколку факти за вегетаријанството што веројатно не сте ги знаеле:

1. Вегетаријанството потекнува од древните индиски и грчки филозофии. Во Индија, вегетаријанството потекнува од верувањето дека не треба да се повредуваат живите суштества – ниту луѓето, ниту животните. Кај Грците, пак, вегетаријанството имало ритуални и медицински цели.

2. Еден од првите вегетаријанци во светот (за кои се знае) е Питагора, кој живеел во 6-тиот век пред наша ера. Сигурно сте слушнале за овој филозоф и математичар кога сте ја изучувале питагоровата теорема.

3. На почетокот, овој начин на исхрана се нарекувал „питагорова диета“, а зборот „вегетаријанец“ се појавил дури во 19-тиот век.

4. Луѓето стануваат вегетаријанци од разни причини – здравствени, политички, еколошки, културолошки, па дури и економски. Сепак, најчестата причина е љубовта кон животните.

5. Некои истражувања покажале дека вегетаријанскиот начин на исхрана го намалува ризикот од разни видови рак, но и дека е добар за срцето и коските. 

interesni-fakti-za-vegetarijanstvoto-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-02.jpg

6. И познатиот Леонардо да Винчи се залагал за вегетаријанството. Всушност, уметникот бил „тврдокорен“ веган и сметал дека луѓето немаат право да ги јадат животните.

7. Како што напоменавме, и вегетаријанството има свои недостатоци. Најчестиот проблем со кој се соочуваат вегетаријанците е недостаток на витамин Б12 и омега-3 масни киселини. Но, ова лесно се решава со додатоци во исхраната. 

8. Спротивно на популарното верување, кај вегетаријанците нема значајно намалување на количината протеини што се внесуваат во организмот. Ова значи дека вегетаријанскиот начин на исхрана ги задоволува потребите за протеини на телото.

9. Знаевте ли дека и Адолф Хитлер бил вегетаријанец? Тој дури верувал дека овој начин на исхрана ги прави луѓето поиздржливи.

10. Индија е државата во која има најмногу вегетаријанци по глава на жител. Околу 35% од населението се вегетаријанци.

interesni-fakti-za-vegetarijanstvoto-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-03.jpg

11. Според едно истражување, децата со поголем коефициент на интелигенција е поверојатно дека ќе станат вегетаријанци.

12. 20-годишно истражување ја споредило стапката на смртност на луѓе кои јадат и луѓето кои не јадат месо. Резултатите покажале дека оние кои јаделе месо, почесто умирале од „модерни болести“, како дијабетес, проблеми со срцето и рак на дојката. Оние кои избегнувале храна од животинско потекло или воопшто не ја консумирале, биле поздрави.

13. Некои од најпознатите вегетаријанци/вегани денес се Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Хоакин Феникс.

14. И покрај сите предности од вегетаријанството, некои истражувања покажале дека еволуцијата на нашите мозоци би била невозможна ако луѓето секогаш јаделе само растителна храна. Односно, јадењето месо било клучно за човечката еволуција.

15. Англија и Италија се европските држави во кои има најмногу вегетаријанци – нешто помалку 6% од населението во овие земји го следи овој начин на исхрана.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Некои луѓе зборуваат премногу, а кажуваат премалку“: 10 цитати кои ќе им се допаднат на тивките луѓ... „Ефикасноста на дело е како сексот. Или го правите и не зборувате за тоа или збо...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg