40 години од смртта на Јосип Броз Тито - потсетете се на неговите најдобри изреки

На денешен ден во 1980-та година, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија го загуби животот и го зави својот народ во тага.

40-godini-od-smrtta-na-josip-broz-tito-potsetete-se-na-negovite-najdobri-izreki-01.jpg

Поминаа 40 години од најтажното неделно попладне, кога било соопштено дека „И покрај преземањето на сите неопходни мерки... Јосип Броз Тито почина во 15,05 часот“.

Тој беше на чело на Југославија 27 години, важеше за народен херој и лидер на кој и ден-денес сите се сеќаваат, а многумина и посакуваат да се вратат во „неговото време“.

Во продолжение, се потсетуваме на некои од неговите најдобри и засекогаш запомнети изреки:

„Работиме како да ќе живееме 100 години, се подготвуваме како утре да има војна.“

„Мирот е над сѐ и сѐ останато мора да биде потчинето.“

„Ниту една наша република не би била никој и ништо, ако не сме сите заедно.“

„Среќна е земјата која има таква младина.“

40-godini-od-smrtta-na-josip-broz-tito-potsetete-se-na-negovite-najdobri-izreki-02.jpg
Фото: depositphotos.com

„Нашето богатство не се само фабриките и патиштата. Наше богатство е човекот, новиот човек, социјалистичкиот човек.“

„Слободата на човекот не е само правото слободно да го изразува своето мислење, туку пред сѐ, правото и можноста човекот уверено да одлучува по сите прашања од својот живот.“

„Не треба секогаш да се гледа само масата, туку треба да се гледа секој поединец, треба да се види, почувствува и разбере тешкотијата со која секој поединец се бори, треба да се настојува да му се помогне и мора да му се помогне.“

40-godini-od-smrtta-na-josip-broz-tito-potsetete-se-na-negovite-najdobri-izreki-03.jpg

Потсетете се на уште 9 цитати на едниот и единствен Јосип Броз Тито

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава