Сестра ѝ ја дрогирала, сопругот ја малтретирал: 14 мрачни факти за животот на Мараја Кери

Денес е разгалена дива со тон барања, кучињата ги носи на СПА, сака само големи дијаманти и им додева на сите со своите барања, но сега пејачката со ангелски глас открива колку ѝ бил тежок животот некогаш.

sestra-i-ja-drogirala-soprugot-ja-maltretiral-14-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-maraja-keri-01.jpg

Мараја Кери (51) е вистинска холивудска дива која води раскошен стил на живот и позната е по своите каприци и барања.

Но, животот на Мараја не изгледал отсекогаш вака. Таа имала тешко детство. Мараја се соочувала постојано со вербално, а понекогаш и со физичко насилство. Можеби и токму оттаму потекнува тоа што денес се однесува како разгалена дива која сака сите да ѝ угодуваат.

Таа долги години ги криеше мрачните детали од нејзиниот живот, но во нејзините мемоари сега открива шокантни детали.

Откритијата во книгата „The Meaning Of Mariah Carey“ се однесуваат на семејно насилство, неверства, дрога, расизам и суровост.

Мрачни факти за животот на Мараја Кери:

„Пеењето ми беше форма за бегство, а пишувањето начин за исфрлање на емоциите. Имаше радост во тоа, но во најголем дел беше преживување (и сѐ уште е)“, искрено открива Кери.

sestra-i-ja-drogirala-soprugot-ja-maltretiral-14-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-maraja-keri-02.jpg

И додека денес прави забави вредни милиони со литри и литри шампањ и нереални декорации, милиони сијалички, па дури и елени во нејзината скапа вила во Аспен, Колорадо, некогаш живеела во сиромаштија во мешано семејство и си поминувала тажно за Божиќ.

sestra-i-ja-drogirala-soprugot-ja-maltretiral-14-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-maraja-keri-04.jpg

Нејзините постари браќа и сестри ја презирале за посветлата кожа и коса, во нивниот дом често се случувало нечија тупаница да заврши во ѕидот или да летаат предмети наоколу.

sestra-i-ja-drogirala-soprugot-ja-maltretiral-14-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-maraja-keri-20.jpg

Нејзините родители се развеле кога имала само 3 години, а таа постојано се селела со мајка ѝ, вкупно 13 пати.

sestra-i-ja-drogirala-soprugot-ja-maltretiral-14-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-maraja-keri-18.jpg

Кога имала 6 години сведочела како брат ѝ ја удрил мајка ѝ од ѕид, а Мараја повикала еден пријател кој викнал полиција.

sestra-i-ja-drogirala-soprugot-ja-maltretiral-14-mrachni-fakti-za-zhivotot-na-maraja-keri-20.jpg

Уште 5 мрачни факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава