Нема улични кучиња, во домовите нема завеси - Интересни факти за животот во Холандија

Во Холандија нема улични кучиња, најчестиот лекарски совет е „Напиј се парацетамол“, а кога некој слави роденден, морате да им честитате и на гостите.

nema-ulichni-kuchinja-vo-domovite-nema-zavesi-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-holandija01.jpg

Холандија е навистина прекрасна држава, а тамошни жители имаат многу интересни обичаи и начин на живот.

Културата на Холанѓаните е на завидно ниво, и сите можеме да научиме по нешто од нив.

Многу луѓе кои потекнуваат од друга држава, а живеат во Холандија раскажуваат за необичните навики на луѓето таму (што не значи дека треба да се генерализира и дека важат секогаш и за секого, но интересно е да се напоменат).

Погледнете неколку такви факти за животот во Холандија:

Чудни родендени

Во Холандија кога на некој му е роденден, не треба да му честитате само нему, туку и на другите гости или луѓето кои се блиски со славеникот. Оваа традиција е стара, но не е точно познато зошто се практикува. Ако добро размислиме, ова се случува понекогаш и кај нас, кога се јавуваме на родителите на славеникот за да го честитаме роденденот на нивното дете и слично.

nema-ulichni-kuchinja-vo-domovite-nema-zavesi-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-holandija-02.jpg

Најпознат лекарски совет е „Напиј се парацетамол“

Ова е шега која се шири помеѓу „дојденците“ во Холандија, па се раскажува дека кога одите на лекар таму и немате некои сериозни симптоми, најверојатно ќе ви речат само да се напиете парацетамол. Имено, ова бил најчестиот совет што го давале тамошните лекари. Ако парацетамолот не ви помогне, дури тогаш размислуваат за друга терапија.

Сепак, тоа не значи дека ова важи буквално за секаде и за секој случај и не значи дека нивниот здравствен систем е лош, напротив.

nema-ulichni-kuchinja-vo-domovite-nema-zavesi-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-holandija-03.jpg

Нема улични кучиња

Пред некоја година, Холандија стана првата држава во светот која нема улични кучиња. Ако тамошните жители остават куче или какво било милениче на улица, или ако му нанесат некаква штета, ќе треба да платат многу висока казна.

nema-ulichni-kuchinja-vo-domovite-nema-zavesi-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-holandija-04.jpg

Еден објект во две држави

Во Холандија има гратче кое е лоцирано на самата граница со Белгија. На улиците границата е обележана само на земјата, а постојат и градби што се наоѓаат врз неа. Па така, овде има домови и објекти кои се наоѓаат и во Белгија, и во Холандија.

nema-ulichni-kuchinja-vo-domovite-nema-zavesi-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-holandija-05.jpg

Холанѓаните повеќе сакаат да седат дома отколку да одат на забави

Иако многу луѓе одат во Холандија, особено Амстердам, за да се забавуваат, тамошните жители повеќе сакаат да уживаат во удобноста на домот.

Многу супермаркети воопшто не работат до доцна, но во последно време ова се менува, па почесто се среќаваат маркети отворени до 10 навечер. Истото важи и за кафетериите. Во време на пандемија, овие „правила“ се променливи.

nema-ulichni-kuchinja-vo-domovite-nema-zavesi-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-holandija-06.jpg

Холанѓаните не сакаат да користат завеси

Во Холандија многу домови немаат завеси, а оние кои имаат, постојано се отворени. Можеби за нас звучи чудно, но за тамошните жители ѕиркањето низ туѓи прозорци е многу неучтиво, па никој не го ни прави тоа.

nema-ulichni-kuchinja-vo-domovite-nema-zavesi-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-holandija-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава