„Фармерките се диктатор, тие мора да се запрат!“ - Цитати на модната легенда Пјер Карден кој почина на 98 години

Пјер Карден, легендарниот моден креатор, почина на 98-годишна возраст во болница во близина на Париз, на 29 декември. Во соопштението за неговата смрт, семејството на Карден изјавило: „Сите ние сме горди на неговата силна амбициозност и смелоста која ја покажа низ неговиот живот“.

Citati-Pjer-Karden-01.jpg

Неговата дизајнерска визија започнала со т.н. „балон фустанот“ (bubble dress), кој го креирал во 1954 година.

Со текот на годините, Карден го насочи брендот кон парфеми и козметика, а се здоби и со низа критики поради фактот што одлучи неговото име да се „прилепува“ на најразлични производи.

Тоа се најде на многу модни додатоци, но и неочекувани предмети како на пример пенкала за пишување. Сепак, ова ја изгради неговата моќна империја со неверојатен финансиски пораст.

Карден останува синоним за силна дизајнерска визија, храброст, имагинација и специфичен стил. Ова се неговите најпознати цитати:

Фустанот е вазна која телото ја следи. Мојата облека е како модули во кои се движат телата.

Кога ќе завршам многу добро некоја работа, ќе започнам друга. Не сакам да застанувам. Сакам постојано да се докажувам.

Модниот дизајн е толку разновиден. Нема јасни идентитети како порано со Баленсијага, Шанел, Кардин, Куреж. Дизајнот треба да се препознае без етикета. Само елеганцијата не е доволна.

Соблекуваме мажи и жени, не ги облекуваме повеќе.

Моите стари винтиџ дизајни се толку популарни денес. Сигурно сум бил на некакви дроги.

Можам да го пропатувам целиот свет со само 3 комбинации: син блејзер и сиви панталони од фланел, сив фланелен костум и црна вратоврска.

Јас имам име, мора да го искористам.

Се мијам со сопствен сапун, носам свој парфем, легнувам на мои чаршафи, имам свои прехранбени производи. Јас живеам од мене.

Фармерките! Фармерките се уништувачот. Тие се диктатор! Ја уништуваат креативноста! Фармерките мора да се запрат!

Моето име е поважно од мене.

Не верувам дека некогаш имало толку важно име како Пјер Карден во општата историја на модата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg